Како е возможно тоа што Вера Ванг (71) не старее повеќе?! Дизајнерката открила што прави, пие и како вежба!

Таа смета дека тука нема ништо чудно

Навикнати сме името Вера Ванг да биде поврзано со креирање венчаници или фустани за славни личности, но овој пат таа направила вистински метеж со својот изглед

Додека била во самоизолација поради коронавирусот во Мајами, легендарната дизајнерка Вера Ванг (71) позирала во спортски градник и бели тексас шорцеви.

Веднаш штом ги објавила фотографиите на социјалните мрежи, станала тема број 1 на интернет-порталите. Луѓето со денови не можеле да престанат да зборуваат за тоа како оваа жена од 71 година има затегнати раце, нозе и стомачни мускули како на тинејџерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VERA WANG (@verawanggang)

„Бев тотално шокирана. Да бидам искрена, целта на тие фотографии беше да го прикаже накитот што го имав во косата. Но тој накит за коса и не е прикажан толку добро на фотографијата. Па така, објавивме фотографија и од мојата коса со тој накит. А факт е дека сите го коментираат моето тело. Тоа е чисто лудило“, раскажала Вера Ванг.

„Јас сум таа жена што ги облекува другите и нив ги става на прво место. Јас сум моден дизајнер. И имам облечено некои од најневеројатните жени во последниве 30 години. Тие во моите фустани освојуваа Оскари, Златни Глобуси и Еми награди. И затоа јас сум секогаш таа што го поправа нивниот шлеп и им отвора врата на Мет Гала.

Отсекогаш сум се сметала себеси за творец, а не за тема на разговор. Поради тоа, шокантно ми беше што луѓето толку многу го коментираат мојот изглед. Не можам да лажам“, раскажала дизајнерката.

На прашањето која е нејзината тајна што на 71 година изгледа како тинејџерка, Вера одговорила:

„Би рекла дека имам спорадични рутини. Спорадични е совршениот збор. Мислам, во младоста бев спортистка. Се натпреварува во уметничко лизгање во САД и бев балерина. Кога ќе поминете 16 години од животот занимавајќи се активно со спорт, тоа остава резултати. Покрај тоа, и вашите мускули паметат.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VERA WANG (@verawanggang)


Модната дизајнерка тврди дека за време на карантинот нашла време да вежба и се посветила на спиењето и на одморот.

„Сонот е клучен за преживувањето. Мислам дека не би можела да функционирам ако не спијам добро. Секогаш морам добро да се одмора, сметам дека тоа е клучот за сè. Па така, сонот е многу важен, но и вотката. Јас мислам дека вистински одмор е кога можете убаво да се опуштите со коктел. Не мислам дека треба да пиете во 10 часот наутро, но мислам дека секој треба испие коктел со вотка пред вечера и така да направи пауза.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VERA WANG (@verawanggang)


Модната дизајнерка открила и дека нема криза во 2020 година, иако поголемиот дел од годината го поминала надвор од канцеларија.

„Чудно е тоа што имаме повеќе доцнења одошто откажувања. Невестите не се откажаа од венчавките. Мислам дека сега повеќе од кога било претходно чувствуваат желба и потреба од возбуда поради венчавката. Тоа е нешто прекрасно.

Мислам дека венчавките се една од најоптимистичните и најпозитивните работи што луѓето ги прават. Тоа е како да велат ‘навистина ќе се обидам да ја направам оваа врска значајна и ќе ѝ бидам посветена до крајот на животот’. И мислам дека тоа денес е покул од кога било претходно“, тврди Вера Ванг.

Вера Ванг го прославила 71-от роденден: „Тајната на мојата младоликост е вотка!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.