Ручек за медал: Потпечени тортилји со мисиркино месо

Пробајте!

Тортилјите полнети со вкусен фил се одличен избор за главно јадење

Состојки:
  • 500 г мисиркино бело месо
  • 50 г путер
  • 2 полни лажици екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 500 мл млеко
  • 120 г кашкавал гауда + 80 г за посипување
  • 300 г лупени домати
  • 8 готови тортилји
  • оригано
  • сол
Приготвување:

1. Мисиркиното бело месо се вари, а потоа се цеди вишокот течност и се ситни во блендер.

2. Во тенџерче се растопува путерот, па се додава екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и кратко се пржи. Постепено се додава млекото, мешајќи цело време со жица. Се вари на умерена температура додека се згусне. Се посолува по желба.

3. Меленото мисиркино месо се прелева со неколку лажици од бешамел-сосот, колку што е потребно да се добие густа смеса за фил. Се додава и 120 г рендан кашкавал и се меша.

4. Лупените домати се миксираат со три лажици масло и малку сол, па се варат додека зовријат.

5. На една тортилја се нанесуваат две лажици од филот од мисиркиното месо, страничните страни се превиткуваат 2 см кон средината и се витка ролат. На истиот начин се полнат преостанатите тортилји.

6. Во огноотпорен сад се додава половина од преостанатиот бешамел-сос, преку него се редат полнетите тортилји и се прелеваат со остатокот од сосот. Одозгора се нанесуваат лупените домати.

7. Се печат во рерна на 200°Ц, околу 40 минути. Пред крајот на печењето се посипува остатокот од ренданиот кашкавал и се враќа во рерната да се растопи кашкавалот.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.