Дали е паметно да трчате на отворено во овој период?

Бидете внимателни

Докторката Преја Александар вели дека одговорот е да, ако не сте во изолација заради контакт со некој кој е позитивен на коронавирусот. Но, важно е да трчате во област каде што сè уште нема луѓе.

„Трчањето е одлично за менталното и физичкото здравје, особено сега“, изјави таа.

„Ако не сте во изолација и немате симптоми на коронавирус, внимавајте да нема луѓе околу вас додека трчате. Јас би го охрабрила тоа, но клучно е да ги избегнувате другите луѓе и да не трчате во парови. Тоа е одлична активност за телото и умот“, додава д-р Александар.

Бидете сигурни да ги преземете сите мерки на претпазливост ако одлучите да истрчате неколку круга на свеж воздух. Избегнувајте допирање на која било површина и измијте ги рацете веднаш штом ќе се вратите дома.

Прочитајте и: Миранда Кер секој ден го започнува вака: Благодарение на овој трик има тело од соништата!

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.