Ова е единствениот правилен начин на шминкање по 40-те: Со овие трикови ќе изгледате 10 години помлади!

Совет на шминкери

Кога ќе ја поминете 40-та година, мора да ги примените овие правила

Првите траги на стареење се забележуваат на очите, но со неколку едноставни чекори, можете да ги покриете. Правилниот избор на нијанса и редоследот на нанесување производи можат да направат драстична разлика.

За да изгледате и до 10 години помлади, не ви требаат ни многу пари ни правење пластични операции. Треба да ги следите овие едноставни чекори…

1. Жолт коректор

Задржувањето вода во организмот е неизбежно како што старееме, а тоа подразбира и појава на подочници и темни кругови под очите. Оставете го вашиот коректор да ја заврши целата работа, така што ќе одберете таков со жолти поттонови. Вака ќе ги маскирате овие недостатоци.

2. Прајмер

По коректорот, следниот чекор е прајмер или основа за сенка. Благодарение на неа, сенките ќе бидат попостојани, а самиот капак и кожата ќе изгледаат мазно и младолико.

3. Топли нијанси

По 40-те изборот на сенка секогаш треба да падне на потоплите нијанси. Тие ќе создадат илузија на одморени очи. Сивите сенки и сите оние што содржат ладни тонови, најдобро е да ги одбегнувате, бидејќи додаваат години.

4. Мат бои

Кога зборуваме за сенки, мора да го додадеме и ова: секогаш одбирајте мат нијанси. Тие ќе ви ги покријат сите ситни брчки. Шминкерите советуваат дека ако сепак сакате малку сјај на очите, тогаш светкавите сенки нанесувајте ги исклучиво на аглите на очите.

5. Црно моливче за овчи

Ако досега не сте го користеле, сега е вистинското време. Благата линија исцртана по работ на капакот ќе ви ги отвори очите, ќе направи тие да изгледаат покрупни и поодморено.

Трик што брише 10 години: Променила само едно нешто во начинот на шминкање и никој не можел да ја препознае!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.