Оваа билка ги фасцинира и лекарите: Докажано го зајакнува имунитетот и ги убива сите вируси!

Моќни бобинки

Лековитите својства на оваа билка се неверојатни

Потекнува од Северна Америка, од каде што дошла во Европа. Северноамериканските домородци ја користеле аронијата како храна и лек. По експлозијата во Чернобил, била користена за ублажување на последиците од радијација во што била и повеќе од успешна, а за таа примена се користи и денес.

Како исклучителен антиоксиданс, аронијата го спречува создавањето на слободни радикали и нивниот напад на здравите клетки во телото и крвната плазма, со што го забавува процесот на стареење на организмот и го спречува развојот на хронични болести.

Аронијата ефикасно го прочистува човечкиот организам од штетни материи и тешки метали, и затоа е корисна превентива против малигни заболувања.

Многу истражувања покажале дека аронијата има антиканцерогенo дејство, бидејќи во голем процент ги убива малигните клетки на тумор на мозокот, белите дробови, дојките, дебелото црево и црниот дроб.

Аронијата има најголемо антиоксидативно дејство од сите зрнести и јаткасти овошки.

Богата е со антиоксиданси, флавоноиди, минерали во траги, фолна киселина и витамини Б, Ц и Е. Поради високиот удел на антиоксиданси и витамини Ц и Е, аронијата дејствува антивирусно, антибактериски и антивоспалително.

Покрај наведените витамини, драгоцениот сок од аронија во себе содржи и минерали, како што се: калциум, калиум, манган, железо, јод, фосфор и цинк. Цинкот особено поволно влијае врз јакнењето на имунитетот. Антоцијанот со кого изобилува, исто така, влијае врз зајакнувањето на имунитетот.

Најдобро би било да користите сок од аронија секое утро за да го зајакнете имунитетот. Овој сок можете да го купите во продавница, но најдобро би било да го направите сами. Еве како изгледа постапката…

Состојки:
  • 2 кг аронија
  • 1 л вода
  • 800 г шеќер
  • 1 свежо исцеден лимон
Приготвување:

Во тенџере сипете вода и шеќер и ставете го на рингла да зоврие со повремено мешање. Кога водата ќе зоврие, додајте 2 кг свежа аронија.

Постојано мешајте, додека почне да врие. Додека го мешате сирупот, притискајте ги зрната за од нив да се ослободи што повеќе сок. Кога ќе достигне точка на вриење, треба да го оставите тенџерето на рингла уште неколку минути и потоа тргнете го и оставете да се олади.

Добиената содржина исцедете ја и вратете ја на шпорет да зоврие уште еднаш. По последното вриење, тргнете ја од рингла и во сокот од аронија додајте еден исцеден лимон. Сето ова добро промешајте го и добиениот сок сипете го во стаклени шишиња кои претходно сте ги стерилизирале.

Добро затворете ги шишињата. Напивката чувајте ја на темно и ладно место и консумирајте ја по потреба. Ако сакате, можете да го разредите сирупот со малку вода.

За подобро здравје: Цветот од багрем храни и лекува

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.