Почна најмоќниот астролошки период во годината: Ретроградниот Плутон им носи голема среќа на овие знаци!

Астро-прогноза

Овој период ќе остави голема трага – сите можат да очекуваат значајни промени

Плутон е ретрограден од 25 април и ќе остане таков до 24 октомври 2020 година.

Плутон е планета што најбавно ја менува својата положба. Во еден знак во просек се задржува околу 20 години, па астролозите ја нарекуваат и „генерациска планета“. Нејзиното влијание е моќно, а кога Плутон ќе стане ретрограден, тоа значи дека ни претстојат големи промени. Ова е прилика да се соочиме со стравовите и работите што долго сме ги одложувале.

Четири знаци од зодијакот особено ќе ја почувствуваат оваа промена. За нив започнува најуспешниот период оваа година и ќе трае до 24 октомври…

Бик

Плутон создава позитивен аспект за сите Бикови, што укажува на тоа дека ќе се наполнат со енергија и ќе се движат со леснотија. Ќе чувствувате дека сѐ си доаѓа на своето место, дури и ако некои ваши планови се променат. Можете да почувствувате промени во начинот на размислување, дури и во едукацијата или плановите за патување – но не на лош начин. Ќе имате нови интереси, животни патишта и ќе гледате на светот со други очи.

Девица

Девиците ќе почнат да уживаат во нови работи, поинаку ќе го поминуваат своето слободно време. Плутон ќе им донесе повеќе забава одошто болни и тешки ситуации. Плутон ќе биде ретрограден и во вашата куќа на деца, пријатели и љубов, така што можеби ќе почувствувате промени во оваа област. Доколку сакате да прекинете некои романтични или пријателски врски, би можеле и понатаму да ги одржите добрите односи.

Скорпија

Плутон е вашата владејачка планета, така што во голема мера ќе ја почувствувате оваа ретроградност – но овој пат очекувајте позитивни промени!

Ако ви се случи голема промена во животот, тоа нема да биде ништо болно, ниту ќе може да ве вознемири, бидејќи Плутон формира аспект со вашето Сонце, што обично се однесува на комуникацијата. Можете да очекувате бројни разговори и секојдневни средби со пријатели, колеги, познаници, кои ќе имаат силно влијание врз вашиот живот.

Риби

Интензивните транзити на Плутон може да бидат тешки за сонувачките, емотивни и спиритуални Риби, но за среќа, оваа планета формира поволен аспект со вашето Сонце, така што ќе почувствувате како сите промени доаѓаат постепено во вашиот живот – во благи бранови. Ретроградниот Плутон нема воопшто да ви пречи, ниту ќе ви предизвика проблеми.

Иако промените ќе влијаат врз вашите желби, надежи, па дури и на друштвената сфера, тие нема да бидат драматични. Прифатете ги новото друштво, интереси, идеи, бидејќи со текот на времето сѐ ќе си дојде на своето место и ќе бидете пресреќни поради тоа.

Со овие 3 хороскопски знаци дури и карантинот е забавен!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.