Адел ослабела со гладување, а не со вежбање: Еве која диета ја користи!

Тврди експерт за обликување на телото

Адел одлучила да се промени до непрепознатливост!

Светот е воодушевен и по малку шокиран од брзото слабеење на пејачката Адел. Суперѕвездата неколку пати тврдела дека нејзините прехранбени навики ја спречуваат да изгледа убаво, бидејќи навистина не сака да вежба.

Меѓутоа, пејачката добила помош од бразилската магионичарка за тело, Камила Годис, која и’ помогнала да ја достигне идеалната фигура.

Камила открила дека се служи со разни вежби, пилатес и основни тренинзи на сила, за да ги доведе своите клиенти до совршената тежина.

Фитнес-тренерката навела дека Адел го стеснила телото благодарение на диети, а не на вежбање.

Адел ја запознала инструкторката преку Аида, сопругата на Роби Вилијамс.

„Долго ја тренирав Аида. Таа и  Адел се добри пријателки, па се запознавме во куќата на Роби. Адел не сака да вежба, но го промени начинот на живот и исхраната и за нејзините резултати заслужна е диетата.“

Камила, која е и животна советничка, изјавила дека Адел својот нов изглед го заслужила поради здрава и урамнотежена исхрана, внесувала помалку калории дневно и трошела вишок енергија.

Уште во октомври Адел се пошегувала дека некогаш плачела, а сега се поти, односно дека ја намалила консумацијата на шеќер, јаде растителна храна, како кељ и хелда, кои го намалуваат апетитот и го активираат генот на слабеењето.

Како и да е, Адел се преполовила, додека мислењата на јавноста се поделени.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.