Ева Мендес: „Јас сум ѕвер, доволно е да се наежам и влакната повторно ми растат“

Една од најубавите жени на светот откри дека често го бричи лицето затоа што „не може да живее со влакната“. Таа неодамна на Инстаграм започна приказна за проблемот со влакната на лицето, а потоа објави видео во кое откри како ќе се ослободи од нив бидејќи, како што вели, цел живот има проблем со влакнатоста.

Ева Мендес на својот инстаграм-профил објави видео во кое прави третман за отстранување на влакната на лицето, а некои од нејзините обожаватели беа љубопитни и ја прашаа колку често прави такви третмани.

Јас сум ѕвер, па веројатно ми треба третман секој втор ден. Влакната повторно ми растат штом ќе се наежам. Дали ме разбирате? Буквално ќе си ги избричам нозете под туш, а потоа ќе се наежам и сите мои напори се залудни, напиша Ева Мендес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Mendes (@evamendes)

Го бричам лицето. Добив многу коментари за вчерашната објава од жени што го бричат ​​своето лице со години – во ред, претпоставувам дека „дермапланинг“ е препочитаниот збор, но тоа е што е и јас го обожавам, напиша Мендес во објавата.

Третманот кој Мендес го прикажа на својот инстаграм-профил е таканаречениот дермапланинг – техника која ги отстранува површинските слоеви на кожата со помош на „нож“, кој исто така ги отстранува и влакната, но и ја намалува појавата на лузни од акни и брчки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Mendes (@evamendes)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.