Емина Јаховиќ: „Титулата на ѕвезда на шоу-бизнисот е зад мене“

Фото: Андреја Дамјановиќ

Пејачката открива како го заменила микрофонот со… шминки!

Со Емина Јаховиќ разговаравме за тоа како одлучила да замине од музичката сцена и да заплови во претприемачките води лансирајќи ја својата козметика „Yaemina Beauty“.

Искрено, тоа е дел од мојата природа и само се надоврзува на музиката! Двете работи се исклучително креативни и секогаш се водени од моите интензивни емоции и упорната интуиција. Уште од мала сонував да бидам шминкер. Моите родители, инаку доктори, не ја сакаа таа мојата страст и не ме охрабруваа, напротив. И покрај недостатокот на некоја примарна поддршка, бев сигурна дека еден ден во животот ќе создадам нешто убаво, во омилените бои и дека сепак ќе мирисам прекрасно!

Сонував дека ќе бидам личноста која ќе може да им понуди на дамите еден вид извор на самодоверба и задоволство. Во текот на кариерата имав можност да ги пробам сите најдобри брендови на козметика на својата кожа и научив како да препознавам квалитет. Работев со најдобрите шминкери, а мојата желба беше да им покажам на жените дека не мора секогаш да одвојуваат голема сума на пари за квалитетен производ. Идејата на мојот бренд е да понудам луксузни и висококвалитетни парчиња шминка, кои траат долго и чија цена е достапна за секоја дама. Создадена од моите соништа како девојка, козметиката е многу повеќе моја креации отколку само претприемништво“, вели таа.

На прашањето дали се плашела во даден момент дека нејзината козметичка линија нема да успее на европскиот пазар, популарната пејачка одговори дека била 100% сигурна во себе.

Ниту еден момент! Зошто би се плашела за судбината на нешто во што сум 100% сигурена? Не ми паѓаше на памет дека Yaemina Beauty нема да успее, бидејќи во целиот проект влегов со срце, но и со исклучително големо познавање на материјата. Она на што морав да работам напорно беше да ги совладам техничките аспекти и како всушност се прави секој производ. Зад себе ги оставив титулата ѕвездата Емина Јаховиќ, рефлекторите и интервјуата, го ставив ранецот на грб и почнав да ги посетувам сите можни светски саеми за козметика и да учам за хемиското инженерство.“

Фото: Андреја Дамјановиќ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.