Изненадувачки трик за убавина на Џеј Ло: Како очите да ви изгледаат блескави и одморени?

Вака!

Оваа „мајсторија“ на Џенифер Лопез помага за кратко време очите да изгледаат светли и будни, дури и ако е бурна ноќ зад вас.

Џенифер Лопез (пардон, Афлек) во своите омилени производи за убавина вклучува нешто што нема никаква врска со шминка и козметика – капки за очи!

Производот што им е добро познат на сите оние кои носат контактни леќи, Џеј Ло го користи за сосема друга намена, да изгледа свежо и одморено дури и кога е неизмерно уморна.

Сакам очите да ми светат, тоа е првото нешто што луѓето го забележуваат на нас – тврди Џеј Ло.

Факт е – на пазарот има капки и гелови за очи кои може да се користат секојдневно и може да се добијат без рецепт. Исто така, факт е дека има луѓе кои ги користат секојдневно, едноставно – им требаат.

Сепак, лекарите предупредуваат дека овој трик за убавина на Џенифер Лопез да го користите внимателно и умерено.

Како и секој друг лек, капките за очи мора да се земаат според упатството на пакувањето. И освен ако вашиот лекар ви ги препорача за одредена состојба, капките за очи не треба да се земаат на дневна основа во текот на долг временски период.

Тие се наменети само да бидат привремено, а не долгорочно решение. Всушност, прекумерната употреба на капки за очи може да му наштети на вашето здравје. Затоа – бидете внимателни!

Видео: Youtube

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.