50 милиони жени одбраа да се разубават со еден ист филер! Да, го има и кај нас!

Секоја жена е убава на свој начин. Секоја жена е уникатен универзум сам по себе, во кој се испреплетува изгледот што го поседува, животниот стил што го води, изборите што ги прави и целите кон кои ита.

Но, оваа стоичка филозофија за женскиот род е сериозно загрозена под влијание на социјалните медиуми. Не, не мислиме на Instagram филтрите, тие се сосем безболни, туку на тенденцијата девојките да сонуваат за исти усни, образи, контури, како идолите што ги следат.

Ваквата атмосфера поттикна поделба меѓу жените на два табори: едните се промотери на природната убавина и имаат аверзија од сите современи облици на естетски корекции; другите се се максимално расположени да инјектираат сѐ само да му се приближат на изгледот што го одбрале. Дермалните филери кои ја живеат својата ренесанса во последните 5 години, уште толку ги искомплицираа нештата и ги збунија жените.

Но, темните облаци успеа да ги расчисти брендот Restylane кој работејќи во служба на природната убавина и зачувување на уникатноста, го креираше слоганот Empowering Personalization од кој произлегоа хијалуронски филери кои разубавуваат без да загрозат нечиј идентитет.

Благодарение на персонализираниот пристап кон убавината, Restylane 25 години цврсто стои на лидерската позиција во естетската козметичка индустрија. Нивното портфолио брои 50 милиони успешни третмани. На Restylane му веруваат и најголемите поборници на шаблонската убавина. Всушност, 97 % од нивните пациенти потврдиле дека резултатот што го добиле изгледа комплетно природно.

 

По што се разликуваат Restylane филерите од останатите?

Restylane филерот е целосно креиран по карактерот на жените: Навлегува во детали (корегира сѐ што ќе посакате) Ги задоволува сите преференци (дозволува да го контролирате волуменот и лифтингот) Махерски се прилагодува на средината (одговара на секој тип или боја на кожа, а годините се ирелевантни). Во превод, Restylane го поседува мултитаскинг талентот на жените, па истовремено задоволува безброј потреби на кожата.

По што предничи во однос на другите?

Restylane ги охрабрува жените да го одржуваат и негуваат изгледот, но да останат свои. Затоа успеа да се избори со униформираноста и на сцена ја врати оригиналноста во подобрена варијанта. Здравиот, свеж и природен изглед го постигнува преку лифтирање, пополнување на брчките или дополнување на волуменот на лицето, комбинирајќи две оригинални технологии:

Nasha технологијата се одликува со совршена прецизност и поседува висок лифтинг капацитет. Таа е вашиот најдобар избор во случаите кога сакате да ги подигнете јаболкцата или да го корегирате носот, брадата или линијата што ја следи вилицата. Се употребува и за пополнување на фините линии и длабоките брчки на кожата. Nasha технологијата се базира на стабилизирана хијалуронска киселина од неживотинско потекло. Што значи тоа? Дека хијалуронот што ќе го инјектирате во вашето лице е 99 % идентичен со оној што природно го поседувате. Ниту еден филер во светот не ја поседува оваа особина!

OBT технологијата е дизајнирана со цел да ги оживее контурите на лицето загрозени од незибежниот процес на стареење, но истовремено ги задржува природните мимики. Вашиот израз ќе биде комплетно разубавен, но сепак ќе останете свои. OBT технологијата е погодна за динамичните регии на кои им е потребна поддршка при експресијата, како што се усните, назолабиалните брчки и марионетите или брчките што наликуваат на мали загради кои се спуштаат од аглите на усните кон брадата (читај: оние што прават да изгледаме тажно или луто).

Со комбинацијата на овие две технологии, несомнено ќе дојдете до оној комплимент: „Не знам што си правела со лицето, но изгледаш свежо и преродено!“

Секогаш кога одбираш Restylane, ти се одбираш себеси од онаа фотографија што со задоволство им ја покажуваш на другите! Не бегај од себеси, биди убава на свој начин, бидејќи само така ќе му се допаднеш на светот.

Информирајте се повеќе за Restylane на Instagram и Facebook @restylane.macedonia

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.