Економист – Светот во 2022-та: Светот се менува, комуникацијата останува неопходна

Оваа година ќе се памети по најголемите клиенти како што се CEFTA (Central European Free Trade Agreement), Samsung, REACT Amsterdam, Пивара Скопје, Семос Едукцикација, Фриком, КаСис, проекти за интегрирани комуникации под капата на ЕУ Делегација и Совет на Европа, IOM и многу други.

Агенцијата за интегрирани комуникации Represent Communications од Скопје во новата 2022 година го прославува својот прв мал јубилеј, 5 години на пазарот во Македонија.

Како една од брзо-растечките членки на Represent System-от составен од Represent Communications канцеларии покрај Скопје и во Белград, Подгорица, Сараево и Бања Лука, Digital Element – членка на Represent System-от, која продуцира софтвер за дигитална аналитика и мониторинг на сите медиуми вклучувајќи ги и каналите на социјалните медиуми, BizLife – печатен месечник и портал, кој високо котира во Србија, и најмладата членка Represent Academy, која е посветена исклучиво на пренесување на знаењето од светот на комуникациите.

Со извршната директорка на Represent Communications Macedonia, Наташа Божиновска Миркова разговараме за петгодишниот раст, промените на пазарот како резултат на дигитализацијата и пандемијата, како и за развојните планови.

Наташа Божиновска Миркова, извршната директорка на Represent Communications Macedonia

Како ја оценувате 2021?

Како извонредно успешна. Успехот на скопската канцеларија се должи на посветеноста и упорноста, тимот кој е темелот на целиот успех, природниот раст и развој низ годините, и секако клиентите што си го најдоа своето место под капата на експертите токму во Represent Communications од Скопје.

Оваа година ќе се памети по најголемите клиенти, како Пивара Скопје, Семос Едукација, КаСис, ТИГО, проекти за интегрирани комуникации под водство на Делегацијата на ЕУ и Совет на Европа, IOM (International Organization for Migration), REACT Amsterdam, итн.

Поврзаноста на целиот систем и канцелариите во регионот овозможија за заеднички успех на ниво на цел регион со клиенти со кои заедно растеме и се развиваме како што се CEFTA – Brussels (Central European Free Trade Agreement) за кои работиме ПР на регионално ниво и дигитален маркетинг за 7 држави, Samsung за кои се работи ПР на регионално ниво во секоја канцеларија на Represent Communications, а истата приказна се повторува и со НЕЛТ/Baby Food Factory, Strauss, SPI (FilmBox + TDC), Roche, Frikom, Regional Challenge Fund, St. Lucia од Карибите за кои спроведувавме дигитални кампањи за светски пазари и многу други. Горда сум што канцеларија во Скопје 2021 година ја завршува на ниво на цел систем како канцеларија која е на 1-во место според раст и развој споредбено со изминатите години.

Како се приспособивте на пазарот со промената од аспект на технологија?

Процесот на дигитална трансформација за нас беше почнат многу пред пандемијата. Represent Communications во 2001 година започна како пионер во ПР-сферата во Србија и Црна Гора. Низ сиве овие години успехот на развојот на системот се должи на следење на трендовите и дигиталното адаптирање на потребите на клиентите кога се работи за комуникација.

Канцеларијата во Скопје својот пат го започна дигитално со клиенти за кои спроведуваше дигитален маркетинг за светски пазари и шифтот во технологијата, всушност, за нас дојде природно бидејќи беше познат теренот.

Каков потенцијал гледате во 2022 година и какви ви се плановите за понатаму?

Во 2022 година гледам огромен потенцијал и чувството кога толку идеа и желби се сплотени на едно место, не може а да не го зголемува адреналинот секојдневно. Моментално работиме на еден проект кој е во завршна фаза од планирањето.

Планираме да го реализираме во третиот квартал од следната година и искрено се надевам дека ќе биде успешно спроведен. Кај мене одамна постои желба за реализација на таков проект за кој дури сега созреа моментот.

Доколку успееме успешно да го реализираме мислам дека нема да им посреќен човек од мене во индустријата. И дефинитивно на тој начин ќе пораснеме уште повеќе со што само ќе го задржиме трендот на раст и развој и понатаму.

Во меѓувреме работиме на уште еден преубав проект од општествена одговорност со кој сакаме да го прославиме 5-иот роденден следната година.

Одлуката да не правиме класична забава со гости, партнери и клиенти, и секако колеги од целиот регион, потекна оттаму што сакаме да покажеме дека секогаш е многу поубаво кога среќата ќе ја поделиш со оние на кои можеби најмногу им треба, кога ќе покажеш дека сите можеме еднакво да придонесуваме кон општеството.

На овој начин сакаме да го обележиме патот во нашата индустрија со тоа што ќе покажеме преку лични проекти колку сме креативни и ќе едуцираме за потребата од свесност за подобро утре.

Планови за понатаму имаме уште многу, меѓутоа она што е најважно за сите нас е да го издржиме притисокот на денешницата и од здравствен аспект, да чекориме сигурно и одлучно, и да растеме природно и понатаму, исто како што почнавме од првиот ден.

Моите лични предвидувања се дека индустријата и понатаму ќе се развива и ќе ги следи светските трендови, а место ќе има за оние кои ќе бидат во чекор со потребите на клиентите, едуцирајќи ги со сите можности кои ги нуди денешницата.

Знаете, не треба клиентот секогаш да знае што му треба. Наша работа е да едуцираме како можеме да постигнеме максимален ефект.

Доколку сакате да го набавите годишното издание на престижниот „Економист“, кое четврти пат излезе на македонски јазик под ексклузивна лиценца на „Колор медија плус“, кликнете ТУКА (или побарајте го на сите поголеми продажни места низ државата).

Текст и фото: Економист: Светот во 2022-та

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.