Џејми Дорнан (38), кој се прослави со улогата на Кристијан Греј во филмот „50 нијанси сива“, во приватниот живот е семеен човек. Тој е татко на три девојчиња, а во една пригода татковството го опиша како најневеројатната работа што постои во животот.
Иако се труди приватниот живот да го задржи што подалеку од очите на јавноста, откри дека за време на изолацијата целосно им се посветил на своите ќерки.
Па така, со најновата фотографија што ја објави на својот инстаграм-профил откри дека им дозволил на 6-годишната и 4-годишната ќерка да го транформираат во … девојка!
View this post on Instagram
Dressing up with my daughters took a turn. Meet Jenny (with the blue hair). She’s sweet.
Фото: Instagram, Getty Images