За прв пат во Македонија, иновативна природна козметика со екстракт од канабис богат со канабидиол (ЦБД)!

Откријте ја тајната за здрава и сјајна кожа!

Што ги издвојува новите производи од линијата Канабо?

Канабидиол или ЦБД, присутен во екстрактот од канабис, покрај многубројните позитивни ефекти на здравјето има огромен подмладувачки (anti-age) и смирувачки ефект на кожата. Ова се должи на големата распространетост на канабиноидните рецептори на површината на кожата. Токму поради ова и поради најновите светски сознанија кои го потврдуваат подмладувачкиот (anti-age) и детокс ефектот на ЦБД, ги создадовме иновативните Канабо производи за нега на кожата.

Веќе постојат многубројни производи кои содржат екстракт од канабис, но не го содржат овој вреден “природен еликсир” ЦБД во својот состав. Тие содржат само масло од семето на канабис кое нема ЦБД и е растително масло кое најчесто се користи во исхраната.

Како делува ЦБД на кожата?

Во нашата лабараторија во согласност со современите светски трендови ја создадовме линијата Канабо за зачувување на здравиот и млад изглед на кожата. Во ова време на зголемено загадување на воздухот кога 90% од популацијата е секојдневно изложена на токсични органски и неоргански загадувачи,смог во воздухот, штетни ПМ честички и висок коефициент на УВ зрачење, кои доведуваат до предвремено стареење на кожата, Канабо линијата обезбедува сигурна заштита од предвремено стареење на кожата преку својот детокс ефект. Дополнително, обезбедува хидратација и регенерација, како и смирувачки ефект при појава на црвенило и иритации.

Која е тајната за ефикасноста на Канабо производите?

Покрај природниот ЦБД, Канабо производите содржат и природни растителни екстракти (невен, арника, бадем, кантарион), витамини (А, Е, пантенол) и anti-age состојки (хијалурон, колаген, ретинол), во зависност од намената на секој поединечен производ.

Производи за нега на лице со ЦБД

Аnti-age +Детокс + Хидратација

Cannabo day cream / Cannabo night cream / Cannabo lip balm

Производи за нега на тело со ЦБД

Детокс + Хидратација + Регенерација

Cannabo hand cream / Cannabo body lotion / Cannabo body oil

Медицински креми за третман на воспалена кожа при херпес и хемороиди

Cannabo herp lip balm / Cannabo hemor cream

Противвоспалитетен ефект + Заштита + Регенерација

Канабо иновативна линија на природни производи за нега на кожа со канабидиол (ЦБД)

ОТКРИЈТЕ ЈА ТАЈНАТА ЗА ЗДРАВА И СJАЈНА КОЖА!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.