Вака се однесува семејството Ѓоковиќ кога нема камери: Дадилката ја открила вистината за нивниот однос!

Еве што имала да каже

Еве како изгледа нивниот живот зад затворени врати

Семејството на Новак Ѓоковиќ привлекува големо внимание, а сите се прашуваат како изгледа нивниот живот зад затворени врати. Нивната дадилка во една пригода открила какви се односите што владеат во нивната куќа.

Иако на прв поглед се чини дека на Новак Ѓоковиќ најважно му е освојувањето трофеи, тој истакнува дека тоа е далеку од вистината и дека семејството секогаш е број 1 за него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Не постои трофеј што е поважен од Стефан и Тара и нема поголема утеха од нивната прегратка по разочарување на теренот.

И Новак, но и неговата сопруга Јелена се посветени родители. Таа улога ја имаат сфатено многу сериозно од првиот ден, што може да го потврдат нивните родители, пријатели, но и дадилки. Со оглед на тоа што Новак често отсуствува од дома и не може секогаш да ги води своите најмили на патувањата, особено ако се подалечни, Јелена е таа што ја презема улогата на столб на семејството. И апсолутно ужива во тоа, открива близок извор.

Иако нејзините воспитни методи предизвикуваат различни реакции кај јавноста, таа цврсти се придржува до правилата и принципите што ги креирала заедно со сопругот. Во нивниот дом не важи тоа дека „ќотекот излегол од рајот“.

„Стефан и Тара се првата генерација на деца во нашето семејство што никогаш немаат ’изедено’ ќотек. Јас имам добивано ќотек од родителите, како и мајка ми пред мене, татко ми, баба ми и дедо ми. Истото важи и за страната на Новак. Верувам дека тоа што не одговараме на грешките и на погрешното толкување на емоциите со насилство, навистина може да го промени светот. Сметам дека тоа е еден голем квантен скок во менувањето на историјата и иднината“, рекла таа на еден панел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)


На седумгодишниот Стефан, кој есенва тргна на училиште, му помага да ги напише домашните задачи, а и три години помалата Тара со задоволство ги открива тајните на светот со интересни задачи преку игра, што ѝ овозможуваат соодветна стимулација на работата на мозокот. Со оглед на тоа што таа и Новак се поборници на веганската исхрана, настојуваат здравите навики да им ги пренесат и на своите деца. Иако имаат помош на располагање во куќата, Јелена често сама им приготвува вкусни оброци. Некои од нив можеме да ги видиме на Инстаграм. Многу мајки го следат нејзиниот пример.

Тоа дека одлично се снашле во улогата на родители и дека во нивниот дом владее хармонија го потврдила и дадилката на нивните деца.

„Со толкава посветеност на децата, ние не сме им потребни“, рекла таа.

Мајката на Новак Ѓоковиќ ги критикува воспитните методи на снаата Јелена: „Премногу е строга мајка“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.