Совет на познат педијатар што би требало да го запаметат сите родители: Еве како вашето дете може многу лесно да стане самостојно!

Внимателно прочитајте

Фото: Guliver/Getty Images

Некогаш родителите премногу ги штитат своите деца, но на крајот се покажува дека тоа не е најдобро за нив

Мајките и татковците многу често сакаат да ги „поштедат“ своите деца, па сè прават наместо нив, но тоа никако не е добро за нивниот понатамошен развој, велат педијатарите.

Токму затоа, ви откриваме еден многу важен совет од познат педијатар чии насоки ги следат бројни родители ширум светот.

Имено, овој голем експерт зборувал на многу важна тема: самостојноста на детето. Тоа е основата што многу ќе му помогне во иднина.

„Што се однесува до самостојноста, кога детето се обидува да направи нешто, треба да се вмешате само тогаш кога тоа ја загрозува неговата или нечија безбедност и здравје. Во спротивно, треба да го оставите детето да прави сè само, да греши, да пробува, а кога ќе го добие посакуваниот резултат, треба да го пофалите. Акцентот се става на тоа што детето успеало да направи само. Тоа е клучниот момент за стекнување самостојност“, истакнал докторот.

Исто така, објаснил дека децата се различни и затоа секој треба да има посебен пристап во воспитувањето.

„Праксата на ‘немешање на родителите’ е особено практична кога детето веќе го има запознаено светот околу себе и настојува сè да прави само. Меѓутоа, има секакви деца – има деца кои на 10 години трпеливо чекаат мајка им да им го закопча копчето“, рекол докторот и додал:

„Во тој случај, мора да се свртиме кон поинакви закони на педагогијата, кон оние што се сведуваат на тоа дека родителот не смее да се откаже од своите одлуки под влијание на детското ‘не сакам’“

Докторот и сликовито објаснил каков став би требало да заземете:

„Сакаш да одиш надвор, но не сакаш да го закопчаш копчето? Сакаш да јадеш, но не сакаш да си ја држиш лажичката? Сакаш задникот да ти биде чист, но не сакаш да го избришеш? Што да се прави, постојат големи шанси дека нема да излезеш надвор, дека ќе останеш гладен и дека задникот ќе ти биде валкан.

Тоа не е суровост туку привикнување на детето на реалниот живот, каде што во иднина нема да има многу луѓе кои во секој момент и без приговор ќе му бидат на располагање.“

Мајка го смирила детето што беснеело за 1 секунда: Родители ширум светот му се воодушевуваат на нејзиниот метод!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.