Џорџ Клуни ѝ признал шокантен податок на неговата сопруга, а таа само изустила: „Па како, господе?“

За сè е виновна оваа фатална убавица!

Џорџ Клуни го снимал бакнежот со Џулија Робертс 80 пати, а еве што кажала Амал на тоа!

Во новиот холивудски хит-филм „Билет до рајот“ глуми легендарната актерска двојка Џорџ Клуни и Џулија Робертс, а играат разведени сопружници кои се здружуваат за да ја спречат ќерка им да се омажи. И тука не би имало ништо чудно кога не би ја снимале сцената во која треба да се бакнат цели шест месеци!

„Да, ѝ раскажував на сопругата Амал. Ја снимавме таа сцена 80 пати, ѝ го кажав тоа. А таа реагираше со зборовите: ‘Па како, господе’“, објаснил Клуни.

Секако, веднаш се огласила и сопственичката на најубавата холивудска насмевка, Џулија Робертс.

„Првите 79 пати се смеевме, а потоа, 80-тиот пат, конечно се бакнавме“, рекла актерката, а на тоа Џорџ се надоврзал:

„Па моравме да го направиме тоа како што треба“, заклучил.

Меѓутоа, изгледа дека на згодната адвокатка тоа воопшто не ѝ пречело, бидејќи сите тројца се појавиле заедно на годишната гала свеченост во Музејот за филм во Лос Анџелес.

Брачната двојка Клуни била совршено стилизирана. И двете дами биле прекрасни, иако имаат комплетно различно стил. Џулија изненадила со својот избор на стајлинг, одлучувајќи се за смокинг, додека Амал блескала во нежно зелен фустан, кој совршено ја следел линијата на нејзиното тело.

Хемијата помеѓу нив постои веќе 20 години: Џулија Робертс конечно откри зошто никогаш не била во врска со Џорџ Клуни
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.