Славната убавица ги стаписа сите со морничавата фотка со 7-месечниот син (ФОТО)

Згреши или не, што мислите вие?

Многумина ја нарекоа несовесна мајка, а дури и педијатрите предупредија на нејзиното однесување.

Една од најпопуларните инфлуенсерки во светот, Камила Коељо, на Инстаграм сподели видео и фотографија на која позира со седуммесечниот син Кај на балконот на луксузниот хотел во Париз, а иако глетката изгледа идилично, предизвика многубројни критики и коментари на огорченост.

Имено, на фотограгијата, Камила во раце го држи својот син многу блиску до работ на оградата, па иако акцентот е ставен на прекрасниот поглед на Ајфеловата кула, сепак на следбениците во очи им падна малиот Кај.

Корисниците на Инстаграм се налутија до таа мера што ја обвинија убавата 35-годишна жена дека е несовесна мајка и дека не се грижи доволно за безбедноста на своето дете.

Потребна е секунда да се случи несреќа. Не вреди да се ризикува“, „Повеќе ви е важно да изгледате убаво на сликата отколку безбедноста на детето“, „Овие слики ме прават нервозна, не го ставај детето на работ од балконот“, „Бебето е толку блиску до работ што фотографијата е страшна“, „Бебињата и балконите не одат заедно“, „Како мајка, мене ова ми изгледа морничаво“, „Зошто би го изложила своето дете на опасност само поради фотографија?“, се само дел од илјадниците коментари во сличен стил.

Што мислите вие?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.