Синот ѝ забранил да ја гледа штотуку родената внука: „Тврди дека јас сум виновна за тоа, а јас не разбирам каде згрешив“

Исповед

Една баба во својата исповед се пожалила што синот ѝ забранува да ја види штотуку родената внука

Објавата во која една мајка се жали дека родениот син ѝ забранил да ја види штотуку родената внука го поделила Интернетот. Многумина најпрво ја осудиле неговата постапка, не знаејќи што всушност се крие зад неа.

Имено, една баба се пожалила на Редит дека сè уште не ја видела својата внука и дека не ѝ е јасно каде згрешила и со што го заслужила тоа.

„Синот ми забрани да ја видам штотуку родената внука. Се шокирав од оваа негова одлука, бидејќи навистина не знам со што го заслужив ова. Душата ме боли и не знам што да правам од тага“, вака гласела исповедта на оваа жена.

Кратко потоа се огласил нејзиниот син и објаснил за што станува збор.

Таткото кажал дека неговата сопруга почнала да се пораѓа во четврток вечерта и дека не се породила до петокот во раните утрински часови, а тој целото време бил покрај неа. По непроспиената ноќ во петокот, во саботата бил исцрпен, па комплетно заборавил да ѝ испрати роденденска порака на мајка му.

Штом се сетил дека не ѝ испратил порака, мажот ѝ се јавил на мајка му да се извини, но жената била гневна – дури и ја обвинила неговата сопруга дека испланирала породувањето некако да се поклопи со нејзиниот роденден за да може да го украде сето внимание. Како одговор на нејзините остри коментари, мажот ѝ забранил да ја види штотуку родената внука.

„Се изнервирав и спуштив слушалка, но ѝ кажав дека не е добредојдена да го види моето дете неколку дена. Целото семејство постојано ми праќа пораки и ми вели дека грешам и дека сум ужасен син што не ѝ давам да си ја види внуката, но многу ме разлути“, додал тој.

Новиот татко рекол дека мајка му отсекогаш била малку груба кон неговата сопруга и дека по нејзиниот последен испад одлучил да го прекине секој контакт со неа на некое време, за да можат тој и сопругата да се навикнат на новиот живот како родители.

Корисниците на Редит цврсто застанале на негова страна, а многумина го охрабриле да остане силен и да го направи тоа што е добро за неговата жена и ќерка.

„Постапуваш правилно, таа греши“, напишал еден корисник.

„Не можам да поверувам дека твојата мајка мисли дека твојата сопруга намерно се породила во тоа време. Не оди тоа така. Веројатно долго не би ѝ дозволил да го запознае бебето“, прокоментирал друг корисник.

Што мислите вие за оваа ситуација? Како би постапиле?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.