Еве зошто данските деца брзо стануваат способни за живот: Ги почитуваат родителите, а методот на воспитување е многу едноставен

Родители за пример

Како Данците ги воспитуваат децата? На многу едноставен начин, а како што тврдат, нивните трикови даваат неверојатни резултати

Од воспитувањето на децата зависи какви луѓе ќе бидат кога ќе пораснат и дали ќе можеме да се потпреме на нив во староста. Многу родители се прашуваат каде погрешиле во воспитувањето.

Ако знаеме дека Данците се една од трите најсреќни нации во светот, логично е да заклучиме дека нивните деца имаат многу среќно детство. Зошто е тоа така?

Што ги прави бескрајно среќни и постои ли рецепт за таквиот успех? Постои, многу е едноставен и лесно применлив. Акцентот е на играта – слободната игра. Секоја забрана е исклучена. Нема однапред составени формули.

Слободата е клучна

Кај Данците многу внимание се обрнува на самостојноста во планирањето на слободното време. Тие не сакаат да им наметнуваат некакви програми на децата и да им поставуваат очекувања, кои само им создаваат притисок.

„Тоа ништо не ги чини, не одзема многу време, а создава чувство на поврзаност и многу е важно за здравото растење на децата“, вели една Данкинка.

„Бидејќи играта ги зголемува самопочитта, самосвесноста, менталното и физичкото здравје, ја поттикнува имагинацијата и независноста, креативноста и способноста за преземање ризици, за соочување со предизвици, за решавање проблеми и справување со нови ситуации.“

Детето не се оптоварува со обврски во текот на денот

Данкинката објаснува дека потполно погрешно е да се оптоварува детето со секојдневни обврски: часови по странски јазици, танц, фудбал, кои би требало да ги подготват за светот на возрасните, но така само им се скратува времето што би можеле да го поминат во истражување, фантазирање, креирање од сопствени, а не од организирани искуства.

Тие како нација навистина се грижат за вистинските вредности, а тоа го потврдува и податокот што веќе долги години имаат редовен училиштен предмет „учење за емпатија“.

Еднаш неделно, деца од 6 до 16 години, изучуваат како можат да си помогнат едни на други, колку е важно да забележат кога некое од другарчињата е тажно или загрижено, со цел тие вештини да ги подготват за вистинскиот живот – како да се подобрат меѓучовечките односи, како да се спречи злоупотребување, како да постигнат успех на работа.

Родителите несвесно можат да предизвикаат анксиозност кај децата: Еве на што треба да обрнат особено внимание!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.