Родителите несвесно можат да предизвикаат анксиозност кај децата: Еве на што треба да обрнат особено внимание!

Психолозите предупредуваат

Дури и ако немаат намера да предизвикаат чувство на анксиозност кај децата, некои вообичаени прашања и коментари на родителите можат да придонесат за тоа

Анксиозноста не е само проблем кај возрасните. Многу клинички истражувања покажуваат дека милиони деца секојдневно се борат со симптоми на анксиозност, а неодамнешна анализа наведува бројка од дури 20,5 отсто од младите во светот.

„Понекогаш анксиозноста кај децата е потешко да се препознае и дијагностицира, бидејќи тие можат да го искажуваат овој проблем на различни начини“, велат психолозите.

„Тоа може да зависи од многу фактори, како што се видот на анксиозност што го доживуваат, нивната возраст или јазичните способности.“

Додека некои деца имаат физички симптоми, како што се болки во стомакот, забрзани срцеви отчукувања и главоболки, други деца покажуваат емоционални реакции, како засилени изливи на бес или сепарациски анксиозности. Исто така, некои деца се повлекуваат во себе и престануваат да учествуваат во активности во коишто досега уживале.

Психолозите предупредуваат дека дури и ако немаат намера да предизвикаат чувство на анксиозност кај децата, некои вообичаени однесувања и коментари на родителите, можат да придонесат за тоа.

Тоа се:

  • недостиг од сочувство кога детето се чувствува лошо
  • неспособност за справување со сопствените емоции и проблеми
  • одбегнување разговор за емоциите на детето
  • претерана претпазливост во воспитувањето
  • фалење на резултатите, а не на трудот
  • споредување на детето со негови врсници или други деца
  • строго родителство
  • невоспоставување граници

Секое од овие однесувања, иако честопати се несвесни, и тоа како влијаат врз размислувањето, развојот и однесувањето на детето, а психолозите предупредуваат дека можат да предизвикаат и појава на анксиозност.

Ова е најлошото нешто што една мајка може да ѝ го направи на својата ќерка: Тврдење на психолог!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.