40-годишните синови на Марија одлучиле да живеат како паразити на нејзин трошок: Кога мајката ја донела ОВАА одлука, судот ја поддржал!

Случајот на мајката што ги исфрлила синовите од дома

Иако биле зрели луѓе, синовите на Марија, сепак, одлучиле да живеат на трошок на мајка им и да не плаќаат сметки

Мајката Марија од градот Павија, Италија одлучила по правосуден пат да ги исфрли од дома своите синови на возраст од 40 и 42 години.

Оваа одлука поставува прашања што се однесуваат на границите на родителската одговорност и автономијата на возрасните деца во донесувањето одлуки за своето место на живеење.

Ситуацијата е слична како и во Македонија. Кај нас вообичаено е младите, па дури и повозрасните луѓе да продолжат да живеат со своите родители, а слична пракса постои и во Италија. Меѓутоа, се издвојува примерот на Марија (75) од градот Павија, која одлучила да ѝ стави крај на оваа застарена пракса и со правосудна постапка да ги исфрли возрасните синови од дома, иако тие веќе се во 40-тите години. Локалните медиуми известуваат дека и двајцата синови се вработени и способни самостојно да се издржуваат, но ја одбиле молбата на мајка им да се отселат.

Овој случај предизвикал дилеми во врска со родителски права и должности и правата на возрасните деца да одлучуваат за својот живот. Пресудата ја нагласува важноста на разгледувањето на индивидуалните ситуации и на потребите на сите вклучени страни, со цел да се пронајде праведно решение во вакви деликатни ситуации.

„Тие не сакаа ни да слушнат за тоа“, рекла мајката.

Имено, таа ги издржувала додека биле без работа и очекувала дека ќе си заминат од дома кога ќе најдат работа. Но тоа не се случило. Наместо тоа, двајцата браќа не придонесувале за домашните трошоци, не плаќале сметки и не ѝ помагале околу домашните обврски.

„Живееја како паразити на моја сметка. Не можев веќе да го трпам тоа“, рекла Марија за италијанските медиуми.

Откако нејзините молби не вродиле со плод, мајката се одлучила за драстична мерка и од судот побарала деложација. Судијката пресудила во нејзина корист.

Судот пресудил дека на почетокот, додека браќата биле без работа, „родителот бил должен да ги издржува“. Но откако почнале да заработуваат, „тоа веќе не било оправдано“, со оглед на тоа што „и двајцата обвинети биле постари од 40 години“ – вака пишува во пресудата. Синовите имаат рок да се отселат до 18. декември.

Психолозите порачуваат: Престанете да им ги кажувате овие 3 работи на синовите!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.