Најслатките изданија на малата бунтовна принцеза: Шарлот ги наследила убавината и шармот од мајка ѝ, а карактерот од чичко ѝ Хари!

Преслатката Шарлот Виндзор

Средното дете на британската кралска двојка е сè освен класична принцеза…

Средното дете на британскиот престолонаследник и неговата сопруга Кејт плени со шарм и харизма, но и со своеглавост.

Кејт Мидлтон и принц Вилијам се родители на три деца: две момчиња, Џорџ и Луис и преслатко девојче Шарлот (5), која е средното од трите деца на војводата и војвотката од Кембриџ.


Момчињата, судејќи според сликите, а и зборовите на родителите, се полесни за воспитување од нивната миленичка, за која на прв поглед се гледа дека покрај шарм, поседува и силен карактер, па веројатно кога ќе зацрта нешто – тоа мора и да го оствари.

Малата Шарлот досега има привлечено убедливо најголемо медиумско внимание од сите три деца на кралската двојка.

И, тоа не е случајно!

Имено, малата принцеза плени на фотографиите на кои позира пред официјалниот кралски фотограф исто како и кога намуртена се крие зад здолништето на мајка ѝ и гледа во објективот кој ја зумира, како да сака да каже „остави ме на мира“.

Особено слатко е тоа што Шарлот, покрај двајцата браќа, научила како да се избори за внимание и учествува во „момчешките“ игри заедно со постариот брат Џорџ.

Шарлот е активна, весела и ужива во игрите, но еднакво сака и се бори за вниманието на зафатените родители.


Исто така, бесценети се нејзините фотографии од венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, каде што облечена како самовила негодува што мора да биде токму таму каде што ѝ наредила мајка ѝ.

Во секој случај, се гледа дека малата Шарлот е харизматично, бистро и убаво девојче, кое изгледа го наследило бунтовниот карактер од својот чичко Хари, кој во детството бил многу сличен на неа, а тоа се нема многу сменето ни до денешен ден.


Тоа за Кејт и Вилијам е најава дека Шарлот нема толку лесно и без борба да ги почитува сите правила што се наоѓаат во кралскиот протокол. Исто како и чичко ѝ…

Принцезата Шарлот наполни 6 години: Кејт и принц Вилијам споделија неодолива слика!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.