Драган Којиќ – Кеба оди во пензија: Крај на кариерата на познатиот пејач?

Време му е?

Фото: Инстаграм

Познатиот српски пејач Драган Којиќ – Кеба во октомври ќе наполни 62 години, но тој веќе побрза да стане пензионер.

Имено, Кеба се пофалил на пријателите дека пред околу 15 дена ги предал документите за да го оствари правото на пензија. Бидејќи се уште нема години за старосна пензија, пејачот го исполнил другиот услов, а тоа се неопходните годни за стаж.

Тој уште како млад плаќал месечно осигурување, а кога видел дека го исполнува условот, тој веднаш се упатил во Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување.

Извор близок на Кеба потврдил дека тој едвај чека да ја заврши документацијата и да добие право на пензија, иако тој допрва ќе треба да чека на решение.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.