„Кога слушнав како свекрвата го советува мојот сопруг, се шокирав“: Дали е возможно да постои ваква жена?

Нема да ви се верува

„Никогаш не сум имала лоши односи со свекрвата, но тоа било само нејзина заслуга – во тоа сум сигурна“, вели оваа жена

Една жена, која е во брак повеќе од 20 години, споделила кои се речениците што често слушала како нејзината свекрва му ги кажува на својот син, односно на нејзиниот сопруг:

  • „Сине, запомни, мајка сум ти и те сакам! Целата моја опсесија со тебе произлегува од таа љубов.“
  • „Нема да ви се јавувам, ниту да ви навраќам ненадејно, но секогаш сум тука кога и да ви затреба мојата помош.“
  • „Никогаш не ми се јавувај по 22 часот. Ако имаш некаков проблем, обрати ѝ се на жена тоа. Тоа е нејзино време, не мое!“
  • „Никогаш не го повишувај гласот, освен ако нечиј живот не зависи од тоа.“
  • „Не се очекува од твојата сопруга да се однесува кон тебе како кон вашето дете. Тоа никогаш нема да се случи, не те родила таа.“
  • „Секогаш пери си ги своите чорапи. Наместо тебе, тоа може да го направи единствено машината за алишта и точка.“
  • „Никогаш немој да ѝ велиш на твојата сопруга: ‘Но мама тоа подобро го прави’ или ‘Мама секогаш…’“
  • „Засекогаш заборави на реченицата: ‘Мама готвеше подобро.’“
  • „Никогаш не ми се жали поради твојата жена. Самиот си ја одбра!“
  • „Никогаш не ѝ зборувај на жена ти за девојките од претходните врски. Ако те праша за нив, кажи ѝ дека сосема си ги заборавил!“
  • „Секогаш фали ја нејзината фризура, дури и ако не ти се допаѓа. Запомни, тоа е коса, брзо расте!“
  • „Никогаш не ѝ зборувај на жените за караниците што се случувале во семејството кога си бил дете. Тоа е минато време.“
  • „Ако се разболам и одам во болница – посетувај ме еднаш неделно. Но ако се разболи твојата сопруга, секој ден оди во болница!“
  • „Сега главната жена во твојот живот е твојата сопруга.“
  • „Ако жена ти побара да ѝ купиш нешто (на пример, собен велосипед, бунда, часовник, накит), секогаш оставај ја да го побара тоа уште два пати. Првиот пат, таа предлага. Вториот пат кога ќе те праша, размислува за тоа, но ако те праша трети пат, тоа значи дека тој предмет навистина ѝ треба. Меѓутоа, ако јас побарам да ми купиш нешто, купи ми го тоа веднаш. Биди сигурен дека сум размислила 333 пати пред да те прашам.“
  • „Никогаш не зборувај ништо лошо за родителите на твојата сопруга. Тие ја родиле, а ти си ја одбрал!“

Што мислите за овие совети? Ви се верува ли дека може да постои ваква свекрва?

„Ја исфрлив свекрвата од нашиот кревет, а потоа започна драмата“: Реакцијата на нејзиниот сопруг ќе ве шокира!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.