Мудар потег на Меган Маркл: Кршењето на традицијата го маскирала во умилкување на кралицата

Игра по свои правила!

Кога војвотката од Сасекс ќе се породи, јавноста нема да го дознае тоа се’ додека самата не одлучи

Иако раѓањата на трите деца на принц Вилијам и Кејт Мидлтон беа објавени со брзина на светлината, а гордите родители веќе неколку часа по породувањето позираа пред собраните медиуми со новороденчињата во рака, во случајот на принц Хари и Меган Маркл се’ ќе биде поинаку.

Имено, кога ќе се роди првото дете на војводата и војвотката од Сасекс, британската и светската јавност ќе го дознае тоа подоцна, и тоа дури кога тие самите ќе одлучат да го прослават доаѓањето на приновата. Оваа информација што ја објавила Кенсингтонската палата изненадила многумина, како и тоа дека Меган Маркл најверојатно ја донела конечната одлука во врска со породувањето.

Откако се открило дека одбила помош од гинекологот и остатокот од тимот што присуствувале на речиси сите кралски породувања во последните години, постои се’ поголема веројатност дека она што веќе подолго време се шушка ќе стане вистина: Меган Маркл ќе го роди првото дете во нивниот дом во Фрогмор Котиџ, каде што само што се вселиле.

Додека некои мислат дека Меган на овој начин сака да ја сочува својата приватност, многумина мислат дека со овој чин таа всушност се обидува да и’ се додвори на кралицата Елизабета, која во последно време е многу лута на снаата.

Имено, кралицата своите четири деца ги родила или во Бакингемската палата или во Клеренс Хаус, па војвотката од Сасекс сака да тргне по нејзини стапки.

„Нивното кралско височество донесе лична одлука сите планови и информации околу раѓањето на детето да ги задржат за себе. Среќната вест ќе ја споделат со светот во моментот кога ќе одлучат дека тоа е најдобро“, порачал претставник на Кенсингтонската палата.

Иако лекарите сметаат дека прворотка постара од 35 години не би требало да се пораѓа дома, поради ризикот од прерано породување или итен царски рез, извори блиски на војвотката тврдат дека таа не се грижи околу тоа и дека, најмногу благодарение на јогата, се чувствува подготвено и сигурно да роди дома, а не во болница.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.