Мислела дека никогаш нема да стане мајка, но родила 10 деца: Изгледа како да им е сестра, а еве како живеат

Неверојатна приказна

По абортусот и неуспешните бремености, мислела дека никогаш нема да стане мајка, но потоа родила 10 деца

По бројните разочарувања, Сату Нордлинг Гонзалез одлучила дека сака огромно семејство. Кога имала 21 година, забременила, но набрзо доживеала абортус, а потоа работите не течеле нормално, туку тоа оставило трага на нејзината матка.

За да ја преброди првата неуспешна бременост, набрзо повторно останала бремена, но и овој пат доживеала разочарување. Очајна, мислела дека никогаш нема да се оствари во улогата на мајка.

Сепак, во 2009 година го родила првото дете, девојчето Никол, а до денес има донесено на свет вкупно шест девојчиња и четири момчиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Satu Nordling Gonzalez (@mybabydolls)

Многумина ја следат на социјалните мрежи, каде што секојдневно ја објавува нивната рутина и начин на живот.

Нејзиниот ден започнува во шест часот наутро со менување пелени и приготвување појадок, а подоцна ги подготвува поголемите деца за училиште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Satu Nordling Gonzalez (@mybabydolls)

„За мене утрото почнува пред да се раздени. Кога ќе ги завршам сите обврски околу децата, почнувам со чистење на куќата. Рибање, чистење со правосмукалка, средување, гледам да го искористам секој момент додека децата не се тука“, рекла оваа мајка.

Попладне кога децата се враќаат од училиште, им приготвува ручек и им помага околу домашните задачи, а истовремено приготвува и вечера. Децата си легнуваат околу осум часот навечер, а таа дури по полноќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Satu Nordling Gonzalez (@mybabydolls)

Изјавила дека ова воопшто не е лесна работа, но и дека ужива во секој нов ден и дека токму тоа го посакувала за себе.

Имаат 21 дете, а семејството и понатаму се шири: Оваа супермама поминала вкупно 16 години во блажена состојба, а првото го родила на 14 години!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.