Имаат 21 дете, а семејството и понатаму се шири: Оваа супермама поминала вкупно 16 години во блажена состојба, а првото го родила на 14 години!

Неверојатно семејство

Сју и Ноел имаат 21 дете, од кои најстарото има 34 години, а најмалото само две

Сју (47) и нејзиниот сопруг Ноел (51) Редфорд од Ланкшир во Англија, во април 2020 година го добиле своето 22-то дете, што ги прави семејството со најмногу членови во Велика Британија.

Сју и Ноел се родители на Крис (34), Софи (28), Клое (27), Џек (25), Даниел (23), Мајли (22), Лука (22), Кејти (20), Џејмс (19), Ели (18), Ејми (17), Џош (15), Макс (14), Тајли (12), Оскар (11), Каспер (10), Хејли (7), Фиби (6), Арчи (5), Бони (3) и малата Хајди (2).

Едно дете им починало во јули 2014 година, момче по име Алфи.

Кај нив сè се прави „на големо“, па така и купувањето облека за децата и готвењето. Сју вели дека со олкав број на деца, мора да се снаоѓате на разни начини, па таа оди да пазари само со постарите ќерки, бидејќи би настанал хаос кога би ги повела сите деца. Тогаш купуваат сè што е потребно за секој член од семејството.

„Девојките само земаат корпи, ставаат еден куп работи во нив и ме оставаат да го платам сето тоа“, раскажала таа на семејниот јутјуб-канал, каде што покажале како тоа изгледа, што сè купиле и за кого.

Дома се вратиле со купишта кеси.

Семејството неодамна се проширило кога нивната ќерка Мајли го родила своето прво дете, ќерката Офелија, и сега Сју и Ноел имаат вкупно 6 внучиња. Кај нив роденденските прослави се честа појава, а новогодишните подароци се подготвуваат уште наесен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radford Family (@theradfordfamily)


Целото семејство, вклучувајќи ги Мајли и Офелија, живее во поранешен дом за нега, кој има десет спални соби, а секој ден перат и до 18 кг облека. Делови од својот интересен живот споделуваат на социјалните мрежи.

Приватниот пекарски бизнис на Ноел е нивниот главен извор на приход.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radford Family (@theradfordfamily)

Мајката Сју изјавила дека потрошиле повеќе од милион фунти за своите деца и дека таа била бремена повеќе од 16 години.

Сју и Ноел првпат се запознле кога Сју имала само седум години, а првото дете го добиле кога Сју имала 14, а Ноел 19 години. Се венчале во 1993 година, кога Сју наполнила 18 години.

„Дефинитивно нема да имаме повеќе деца“, рекла Сју своевремено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radford Family (@theradfordfamily)

ФОТО: ФЕЈСБУК, ИНСТАГРАМ

Пропаста на десеточленото семејство што сите го обожаваа: Децата пораснаа, а нивната мајка им украла 100.000 долари за да преживее
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.