Медицинската сестра Катрина посвоила девојче (14) кое родило тројка: Кога го погледнала нејзиното лице се скршила

Неверојатна приказна

Еве како оваа медицинска сестра посвоила девојче кое родило тројка и им го спасила животот

Медицинската сестра Катрина Мулен направила нешто поради кое целиот свет ѝ се воодушевува. Имено, кога 14-годишно девојче се породило и на свет донело тројка, неговата судбина била многу неизвесна. Но, Катрина донела спасоносна одлука и решила да го посвои девојчето и нејзините деца.

Катрина работи како медицинска сестра за интензивна нега на новороденчиња во болница во Индијанаполис. Таа веќе имала добра репутација, но тоа што го направила за да го спаси животот на тројка и на нивната 14-годишна мајка е неспоредливо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katrina Mullen (@kat_mullen23)

Катрина сигурно знаела дека би било невозможно да се најде дом за 14-годишна мајка која штотуку родила тројка. Па така, официјално ги посвоила мајката тинејџерка Шарија Смол и нејзините бебиња. Сè се случило повеќе од 2 години по породувањето на девојчето.

Шарија била во осмо одделение во 2020 година кога родила тројка. Бебињата биле родени прерано, на само 26 недели и поминале повеќе од 5 месеци во болницата во која работела Катрина. За време на нивниот престој во болницата, Катрина забележала дека младата мајка ја посетува својата тројка сама и дека немала многу поддршка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katrina Mullen (@kat_mullen23)

„Таа со денови беше таму сама, седејќи покрај креветите на нејзините бебиња“, изјавила таа.

На почетокот младата мајка не сакала да каже ништо за својот живот, но на крајот развила посебна врска со Катрина. Тоа се случило откако дознала дека Катрина го родила своето прво дете на 16 години, а потоа го дала на посвојување. Пред да бидат отпуштени од болница, Катрина ѝ го дала својот телефонски број на Шарија и ја замолила да ѝ се јави ако ѝ затреба нешто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katrina Mullen (@kat_mullen23)

Тие оттогаш останале во контакт, а Катрина ја посетила Шарија во нејзината куќа во Кокома. Медицинската сестра забележала дека Шарија спие на кауч, додека сите три бебиња биле сместени во едно креветче.

„Тоа не беше добро место за чување бебиња“, открила Катрина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katrina Mullen (@kat_mullen23)


Катрина исто така забележала дека на едното бебе не му е добро. Подоцна било хоспитализирано, бидејќи имало помала тежина за неговата возраст.

Работничка од Одделението за социјални услуги подоцна ѝ се јавила на Катрина и ѝ кажала дека младата мајка и бебињата мора да се отселат од нивната куќа, која била непогодна за живот и дека Шарија изразила желба да живее со Катрина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katrina Mullen (@kat_mullen23)

Катрина се грижела за девојчето и за нејзината тројка во својот дом 688 дена. Шарија на крајот завршила средно училиште и научила како правилно да се грижи за своите деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katrina Mullen (@kat_mullen23)

Сега, посвојувањето на Шарија од страна на Катрина официјално е завршено, а таа ја посвоила и двегодишната тројка. Исто така, со помош на хуманитарни организации, Катрина собрала голема сума на пари за да му овозможи на девојчето достојно да живее со своите деца.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.