Компликации при раѓањето на 4-та ќерка: „Само еден час претходно тројцата заедно бевме полни со љубов и се смеевме и бевме шокирани од тоа што Харпер премногу тивко дојде на свет, но потоа нештата се сменија на полошо…“

Снежана Маркоски, односно Снежана Вуд е Македонка која живее во Австралија, а се прослави со учеството во шоуто The Bachelor. Таа неодамна се породи со својата четврта ќерка, а на Инстаграм го сподели страшното искуство со компликациите што настанале при породувањето.

Снежана и нејзиниот сопруг Сем Вуд неодамна го добија најновиот член во нивното семејство, ќерката Харпер, но искуството при породувањето било трауматично.

Се породив еден месец порано, а еден час по породувањето работите тргнаа на лошо, јас имав сепса, па поради таа инфекција, веднаш нѐ разделија“ – раскажува Снежана Маркоски Вуд.

Сем, на 8 мај на Инстаграм објави повеќе фотографии на кои заедно со сопругата Снежана позираат со предвреме родената ќеркичка Харпер, во чии опис напиша напиша:

Ова е приказната од последните пет дена…

Во средата на 4-ти мај, Харпер Џоунс дојде на свет и беше родена еден месец предвреме.

Само 30 минути откако ја направив оваа фотографија на Снежана ѝ се слоши толку многу што, додека да се свестиме, Харпер беше однесена на одделението за специјална нега, а мајка ѝ на интензивна нега.

Секако, Снежана во нејзин стил, се грижеше само за доброто на бебето и ѝ се кршеше срцето што не можеше да ја земе во раце.

Откако беше откриено дека тие имаат инфекција и по неверојатната нега од сестрите и докторите, од вчера тие повторно се заедно и сега се добро“ – вели тој.

Снежана, пак, објави повеќе фотографии на кои се гледа како Сем во болницата ја држи нивната новородена ќерка во раце, а до нив во подолг текст појасни што точно се случило за време на породувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Wood (@samjameswood)

Не можам да замислам колку стресно и страшно беше за тебе да гледаш како нашето бебе го носат на одделение за специјална нега, а мене во друга болница додека се трудиш да останеш смирен и да не ми дозволиш да видам дека си загрижен.

Нашата мала Харпер имаше инфекција, а јас имав сепса, но ти не ми кажа, ниту пак ми покажа колку си загрижен и колку е сериозна ситуацијата.

Ти остана смирен за и јас да бидам смирена.

Те замолив да останеш со Харпер додека таа да биде добро и ти го направи тоа, а потоа дојде во другата болница каде што ме пренесоа мене за да се увериш дека и јас сум добро, па потоа пак кај Харпер и постојано го правеше истото.

Само еден час пред тоа тројцата заедно бевме полни со љубов и се смеевме и бевме шокирани од тоа што Харпер премногу тивко дојде на свет. Потоа нештата се сменија на полошо…“ – пишува Снежана.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SNEZANA WOOD (@snezanawood)

Од фотографиите што таа ги објави, може да се види, дека сега, откако малата Харпер Џоунс поминала околу 3 недели во болницата, таа конечно е дома, каде трите поголеми сестри постојано ја опсипуваат со љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SNEZANA WOOD (@snezanawood)

Снежана и Сем учествуваа во третата сезона на шоуто The Bachelor, каде што таа му го освои срцето, а во 2015-та година стапија во брак.

Тие заедно имаат три ќерки, а Снежана има уште една 17-годишна ќерка.

Текст: Црно-бело

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.