Близначки се омажиле за близнаци, па родиле идентични бебиња: Сите живеат во иста куќа, а сестрите си ги дојат децата една на друга!

Необично семејство

Овие брачни двојки се венчале на ист ден, живеат во иста куќа и заедно ги воспитуваат своите деца

Сестрите близначки Британи и Брајана (35) ги запознале браќата близнаци Џош и Џереми (37) на собир за близнаци во Охајо.

Тогаш се родила љубов меѓу нив, а потоа се случила и заедничка венчавка во 2018 година.

Кратко по венчавката, на заедничкиот профил на социјалната мрежа Инстаграм, ги израдувале своите следбеници со веста дека сестрите заедно го доживуваат искуството наречено бременост.

Нивната животна желба конечно станала реалност.

„Момците од претходните врски никогаш не ја разбраа нашата поврзаност. Отсекогаш сонувавме да се венчаме за еднојајчани близнаци. Луѓето ни велеа дека шансите за тоа се мали, но длабоко во себе знаевме дека на крајот, сепак, така ќе биде“, рекле сестрите во една пригода.

Кога ги запознале браќата Џош и Џереми, знаеле дека пронашле љубов за цел живот. Бидејќи нивниот живот е прилично необичен и интересен, една позната американска телевизија снимила реално шоу за нив, во кое тие се главните ѕвезди.

Имено, тие живеат под ист покрив и заедно се грижат за своите деца.

„Имам чувство дека сум му родител и на детето на Џош, не правам никаква разлика, а мислам дека и брат ми се чувствува така. Ни се чини како да сме едно семејство, а не две одвоени двојки со свои бебиња“, изјавил Џереми.


Двојките се горди родители на деца со сини очиња по име Џет и Џекс, кои често ги фотографираат и ги објавуваат на социјалните мрежи.

Тие го споделуваат целиот свој живот со следбениците, а во една епизода од нивното реално шоу, сестрите покажале како си ги дојат децата една на друга.

На Инстаграм објавиле фотографии од своите синови и во описот истакнале дека тие се „братучеди, генетски браќа и квартарни близнаци“.

Многумина се прашувале како е тоа возможно, а потоа следувал одговорот:

„Нивните мајки и татковци се еднојајчани близнаци. И двата пара родители добиле деца. Идентична ДНК ги создала и двете момчиња. Кога ова семејство би направило ДНК тест за потеклото, тој би покажал дека бебињата се браќа а не братучеди!“

Оваа жена родила близнаци и го шокирала народот: Никому не му е јасно како е возможно ова!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.