Тајната на Caron – Уникатни креации на парфеми кои ја спојуваат традицијата со модерното!

Caron е основан во Париз во 1904 година како резултат на експлозивна средба помеѓу вештиот и визионерски парфимер Ernest Daltroff и неговата муза Félicie Wanpouille, модна дизајнерка со фантастична интуиција и еманципирана бизнис жена. Мистериозно и револуционерно, ова дуо го отелотвори отфрлањето на усогласеноста во стиловите, став кој стана потпис на нивните мириси.

Во 1911 година, првиот дрвенест мирис, Narcisse Noir, се осмели да вклучи сандалово дрво во неверојатно висок процент: 17% на формулата! Овој храбар потег означи нова ера, оттогаш овие дрвенести мириси се карактеризираат со предозирање со некои од најлуксузните природни состојки.

Tabac Blond е револуционерен мирис објавен во 1919 година, кој стана легенда со кршење на сите норми на времето. Како прв мирис во историјата во кој доминира кожа, ги отвори вратите на новото семејство на мириси. Денес му даваме шанса на овој скапоцен камен да го пренесе своето наследство во многу современа верзија.

La Collection Merveilleuse колекција која добро го носи своето име!
Денес, брендот пишува ново поглавје во приказната, воден од неверојатниот тандем – Ariane de Rothschild и Jean Jacques. Заедно ја креираа мирисната колекција Merveilleuse – „чудесна“ во секој аспект.

„Чудесна“ бидејќи илустрира повеќе векови историја спојувајќи ја традицијата со нови креации.

„Чудесна“ бидејќи илустрира комплетна слобода на која работат дизајнерите. Уметност која не е насочена кон трендовите.

„Чудесна“ бидејќи е плод на визија која не води низ секој чекор од дизајнот, преку бирање на извонредни суровини за креирање.

„Чудесна“ бидејќи шишенцата во колекцијата со својот изглед се како името на колекцијата.


Неговото шишенце заслужи изглед извонреден како и неговото име. Амбицијата е да се создаде објект со невообичаена убавина.
Барајќи свежа перспектива и жив дух низ процесот доведе до соработката со Olivia de ROTHSCHILD, која како и нејзината мајка е обожавател на мирисите и има голема улога во обновувањето на Домот на CARON, особено во дизајнирањето на новото шишенце. Заоблената форма, која асоцира О е дел од буквата во Caron, но и асоцијација за изницијалот на Olivia.  Ова шишенце е амблем кој ја инспирира целата Merveilleuse колекција.

Во Caron, не се чекаше еко дизајнот да стане модерен. Може да се каже дека се пионери во оваа област со тоа што уште во 1980 година беше првата куќа која понуди на своите купувачи можност да ги надополнуваат своите шишенца со парфеми. Капачето на парфемот со завртка значи дека може да се надополнува постојано, во парфимериите или дома. Долготајни, повторно употребливи и компатибилни, новите пакувања комбинираат хартија создадена од целосно природни растителни материјали. Неговата долгнавеста форма е варијација на пресекот О на CARON. Пакувањето е бордо нијанса, која е силен симбол на Куќата.

Во CARON, има ексклузивен, внатрешен парфимер: Jean JACQUES. Во светот, бројот на куќите за мириси со свои парфимери може да се изброи на прстите на една рака. Ставот на CARON за оваа соработка значи дека парфимерот е слободен уметник, врз кој не доминираат трендовите. Jean JACQUES компонира со палета на исклучителни природни состојки. Ретки есенции од одговорни и природни извори кои се грижат за луѓето и животната средина.

ТАЈНАТА НА CARON

Cпојувањето на светови може да доведе до бесконечна убавина, нивните мириси прикажуваат средба помеѓу две спротивставени суровини, које при спојувањето создаваат искри на чиста убавина.

Основачот не е човек со скромни соништа. Тој го направи Caron легенда со извонредна екставаганција. Неговиот изразен вкус за одење на врвот засекогаш остана во Куќата.

Дури и денес, мирисите и дизајнот се богати, преполни со убави суровини, секогаш во прекумерни концентрации.
Цветна моќ! Основана од парфимер кој лудуваше по цвеќињата, Куќата ја претвори оваа опсесија во традиција.

Без разлика дали е роза, цвет од портокал, тубероза, или нарцис, кога станува збор за цвеќе, нема нешто како премногу.
Без разлика дали ги знаете овие мириси како килибарни или ориентални, овие креации се уникатни, и често комбинираат традиционалните парфемски состојки со многу современи ноти.

Тоа е доказ дека вечноста и модата одат заедно!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.