Juliette has a gun: Парфеми за жените кои се ценат самите!

Парфеми за жените кои не се плашат да провоцираат, но и покрај сето тоа – тие остануваат женствени

Мирисите Juliette has a gun се инспирирани од делата на Вилијам Шекспир, но типичната ренесансна романтика поприма карактеристики на модерното време.

Самиот концепт на брендот симболизира независност и слобода, а на жените им дава во рака оружје за да можат да се соочат со мажите во вечната борба на пол, страст и љубов.

Брендот Juliette has a Gun е дело на  Romano Ricci, внук на познатата Ninа Ricci чии парфеми го освоија светот.

Така, во 2006 година во светот на убавината влезе уште една генерација на ова семејство кое не се плаши да оди против правилата на модерните парфеми.

Посебно внимание привлече мирисот Juliette has a gun Not a perfume кој се темели на една состојка – амброксан.

 

Дизајнот на шишето, духовит концепт, карактеристика на главниот креатор и необичен имиџ, брендот Juliette has a gun ја сочинува платформата за жените кои се ценат самите, не се плашат да провоцираат, но и покрај сето тоа – тие остануваат женствени.

Sunny Side Up, идеална композиција на сандаловина со пријатни дрвенести кремасти тонови. „Терапија за среќа“ која е тука за да го разубави денот и да го крене расположението. Главни состојки: сандаловина, јасмин, ванила.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време