Roja Parfums – најквалитетните мириси на светот

Кога станува збор за лускузните мириси, никој не може да се спореди со Roja Parfums

Врвниот британски парфимер Roja Dove е еден од најценетите светски стручњаци за парфеми. Неговото искуство, страст и креативен полет се проткајани во сите негови креации, кои пак се резултат на неговото мото: „Само најдоброто е доволно добро“ . Брендот Roja Parfums е познат како куќата која произведува најлускузни мириси на светот.

Roja Dove е познат по тоа што работи само со најквалитетните и најскапоцените состојки, кои ги бира лично. Од легендарната роза и јасмин од Грас до природниот амбергрис(кој вреди повеќе од чисто злато), преку рачно изработени кутии обложени со свила и парфемски капачиња обложени со 24 каратно злато, украсени со Swarovski кристали – секој детал е направен без компромис бидејќи станува збор за квалитетот и цената.

Познатото американско списание за мажи „GQ“   Roja Dove го опишува како „најпрефинетиот нос на светот“, додека  The New York Times го сметаат за „главен креатор на мириси“. Кога станува збор за лускузните мириси, никој не може да се спореди со Roja Parfums.

Во Roja Parfums се наоѓа колекција на парфеми за жени и мажи, OUD парфеми како и унисекс парфеми.

ROJA DOVE на тема создавањето на ELIXIR:

Што за Вас претставува Elixir и која е поврзаноста со самиот мирис?

Elixir  е  поим од грчката митологија – елискир на животот кој може да обезбеди бесмртност, особина резервирана само за боговите.

Мирисот ги надминува границите на времето, а кога ќе го почувствувате и впиете мирисот на некој што седи до Вас, тој засекогаш останува во Вашата меморија.

Кого повторно ќе го почувствувате истиот тој мирис, спомените за таа личност се враќаат, страста повторно се буди.

Да се биде запаметен по мирис, според мене, е еден од најголемите комплименти кои можете да ги добиете.

Што Ве инспирираше да го создадете Elixir?

Секогаш сум наоѓал сличност помеѓу парфимерите и алхемичарите. Парфемот сам по себе е магичен еликсир: невидлив е, а само една капка може да Ве трансоформира во Богжица  Парфемот има моќ да Ве направи неодоливи, заводливи, да Ви отвори свет на бескрајни можности. Ние, парфимерите, со помош на мирисите, да придонесем личноста која што го носи да оди со високо крената глава, да се чувствува привлечно и со многу самодоверба.

Каква жена имавте замислено додека го создававте Elixir?

Elixir е замислен како контратежа на Elysium- последниот парфем за мажи на Roja, одосно е наменет за жените кои знаат што сакаат, жените кои се реализирани и кои сакаат да мирисаат прекрасно и посебно. Elixir во комбинација со нејзината природна нежност, помага таа да го добие тоа што го сака. Каде и да се појави, го освојува просторот со својата самодоверба и природна сензуалност. Oваа карактеристика, сензуалноста е нераздвоен дел од ориенталниот карактер, па токму таков е и Elixir – сладок, овошно цветен и топол мирис.

Како преку имиџот ја комуницирате идејата која што стои зад парфемот Elixir?

Кога ќе го погледнете шишето, ќе забележите дека светлоста зрачи низ него – создавајќи рамка која го открива животот и сензуалноста. Сликата која ја имате остава впечаток на етеричност, шише кое што стои на вода, како божица што излегува од морето.

Како идејата за парфемот Elixir  ја изразивте преку состојките кои се искористени за мирисната композиција?

Ова е еден од најсензуалните парфеми кои некогаш сум ги создал, со блескави ноти на ружа и бело цвеќе, слатки ноти на праска и малина. Богат и нежен тон на корен од ирис кој ги зголемува својствата на заводливост и ветувања.  Базата е обогатена со ванила, дрвенести ноти и мошус, содавајќи сензуална рамнотежа која испраќа порака на недвосмислено искушение.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.