Прв чекор против стареењето: Филер Vichy LiftActiv Supreme на подарок за 1 читателка

Надоместува 100% од дневната загуба на хијалуронската киселина од епидермисот

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

Една читателка на февруарскиот број на „Убавина и здравје“ ќе има можност да го добие на подарок серум-филерот Vichy LiftActiv Supreme, кој го подарува компанијата „Септима“.

Станува збор за интензивен серум со хијалуронска киселина, кој ги намалува длабоките брчки и фините линии на кожата и ја надоместува загубената цврстина.

Содржи дерматолошки активни состојки:

1,5% хијалуронска киселина, која е активна молекула со позитивен ефект врз сврзните ткива, со што ѝ ја враќа еластичноста и цврстината на кожата и ги намалува знаците на стареење и појавата на брчки.
заштитниот витамин Cg или аскорбил-глукозид, кој има противвоспалително дејство благодарение на неговото антиоксидативно дејство, ефективни пептиди што дејствуваат против појавата на брчки, како и уникатната вулканска вода „Виши“.
витамин Б5

 

НЕ содржи парфеми и масло. 

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во март.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.