Висококвалитетни козметички производи Galénic на Pierre Fabre Laboratories

Целта на „Галеника” е да обезбеди оптимална можност за една активна состојка да го покаже својот целосен потенцијал на ефикасност на кожата и да ја исполни својата цел.

Сè започнува во Париз кон крајот на 1970-тите. Пјер Фабер, фармацевт визионер и креатор на дермо-козметика, создава бренд кој ја опфаќа и фармацевтската сериозност и софистицираноста од светот на убавината.

Благодарение на неговото фармацевтско искуство и неговото познавање на развојот на формули, тој создава висококвалитетни козметички производи.

Името Galénic потекнува од науката „галеника”, која датира од древни времиња. Целта на „Галеника” е да обезбеди оптимална можност за една активна состојка да го покаже својот целосен потенцијал на ефикасност на кожата и да ја исполни својата цел.

Воден од својот креативен нагон и инспириран од својата фармацевтска експертиза, Пјер Фабер засекогаш го промени светот на козметиката. Благодарение на исклучително високиот квалитет и невидената оригиналност, брендот веднаш е препознаен од козметолозите.

Високиот квалитет на секоја Galénic креација започнува со: строг избор на суровини, континуирано и постојано тестирање и строга контрола на формулите долж синџирот на производство. Поради оваа причина, производите се произведуваат само во Европа, и тоа 90% во Франција, во истражувачките центри и фабрики на Pierre Fabre Laboratories во срцето на регионот Tarne во Југозападна Франција.

Ексклузивен увизник и дистрибутер за Р.С.Македонија: АЛТА ФАРМАЦЕУТИКАЛС ДООЕЛ Илинден, ул .34 бр. 5а-кат 1, Илинден, Скопје, Р. Северна Македонија, Тел. 078/336-887

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.