Дали знаете за BABÉ? Здравјето што го заслужува вашата кожа

Козметика која се грижи за кожата на целото семејство

Laboratorios BABÉ е основана во 1994 година од двајца фармацевти со цел да развие едноставна и јасна линија на дермо-козметички производи кои нудат решенија за основните проблеми со кожата. Со седиште во Валенсија и со сопствен R+D+i оддел, BABÉ произведува по строгите прописи и ригорозните процеси на фармацевтската индустрија, надминувајќи ги барањата на козметичката индустрија.

Желбата на BABÉ за транспарентност го прави еден од ретките брендови што го одразува процентот на секоја активна состојка во пакувањето, во усогласеност не само со регулативите, туку и со секоја европска препорака.

Запознајте се со BABÉ во 5 чекори…

1. Грижете се за кожата на лицето

Чистење и 24 часовна хидратација. Специфични третмани со линиите: Essentials, Stop AKN и Healthyaging +

Дермо-козметички производи за секојдневно чистење и хидратација кои се неопходни за здрава и негувана кожа. Производите се формулирани со ефективни комплекси на активни состојки кои видливо помагаат во решавање различните состојби на кожата на лицето.

2. Грижете се за кожата на телото

Единствени производи со одлична козметичка ефикасност на формулата

Создадени со специфични и внимателно одбрани активни состојки за различни состојби на кожата на телото. Овие производи ја негуваат и смируваат кожата истовремено почитувајќи ја нејзината физиолошката pH вредност.

3.  Грижете се за кожата на вашите најмали

Печат за широка безбедност

Разгалете ја и негувајте ја кожата на најмалите со специфични производи за хигиена, хидратација и третман, формулирани со комплексот Baby-Care BABÉ, кој комбинира растителни екстракти од невен, мимоза и алое вера, за смирување и омекнување на кожата.

4.  Заштитете ја вашата кожа од сонцето

Најбезбедна заштита

Линијата за заштита од сонце гарантира нега и заштита на кожата од краткорочни и долгорочни оштетувања предизвикани од сончевите зраци. Ефектот на заштитната формула е засилен со смирувачкиот комплекс BABÉ, кој го ублажува чувството на иритација и на најчувствителната кожа.

5.  Името BABÉ е фонетска игра која потекнува од валенсиската фраза „va bé“, што на англиски значи „It works!“. Нешто на што основачите на брендот многупати одговорија кога беа прашани за ефективноста на производите што ги формулирале.

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.