Elegance Academy почнува онлајн-обука достапна за учесниците и во Македонија

Денес, индустријата за убавина зазема многу важно место. Убавината е императив во ова модерно време и сѐ се врти околу неа. Во вакви услови, значајна улога играат оние коишто ја прават достапна, а во прв ред тоа се козметичките салони и  академиите за обука на вработените во оваа индустрија.

Барањето за совршен изглед иако на почетокот делуваше мотивирачки, подоцна ја доживеа својата спротивност и стана предмет на бројни полемики меѓу луѓето, особено меѓу жените. Во морето од козметички понуди во регионот, се издвојува една компанија која нуди сосема поинаква филозофија на работа, заснована на клинички истражувања во комбинација со традиционално училиште за козметика.

Станува збор за компанијата Elegance Group во чии рамки функционира, престижен салон, а сега започна со работа и школата Elegance Academyза нега на убавината и доброто однесување. На чело на компанијата, како и на школата е успешната и наградувана претприемачка Данијела Вукојевиќ.

Козметиката е мојот животен  повик во животот, за мене таа е повеќе од работа, една вистинска деловна филозофија. По долгогодишна работа во земјата и странство, можев посветено да ги следам сите промени во оваа област и да оценам што е најдобро и најквалитетно. И токму тоа решив да го понудам на пазарот. Така, најпрво се отвори салонот EBS, во којшто можете да ги најдете најпрестижните светски козметички линии и најсовремените третмани. Многу брзо стекнавме голем број на клиенти, бидејќи резултатите што ги постигнувавме беа извонредни.

На нашите простории ја донесовме идејата за clean beauty којашто се заснова на едноставност, чистота и природна убавина. Мојата главна цел беше да укажам на погрешната перцепција за естетиката која владееше на нашите простори и да го донесам духот на европските метрополи со примеси на гламур. Покрај сето ова, сакав овие третмани да им бидат достапни на сите жени, а не само на познатите дами за кои е резервиран црвениот тепих, ја започна својата приказна Данијела Вукојевиќ.

Нè интересираше како донела одлука да отвори академија за нега на убавината, што е многу сериозен и одговорен деловен потфат бидејќи сè што е во полето на образованието бара обемна администрација и процедури. Поради големиот интерес во регионот, оваа млада претприемачка реши да организира онлајн-обука, по што учесниците добиваат акредитирани сертификати за кои не е потребна нострификација.

Тргнав од потребата да ги обезбедам најдобрите работници за мојот салон, бидејќи брзо сфатив дека е тешко да се најдат работници кои ќе бидат професионални и во исто време да го претставуваат она што го прават со својот карактер и ставови. А за да бидеш успешен во нешто, треба да веруваш во тоа. Затоа го избрав полесниот начин, наместо да барам работници, решив да обучам луѓе кои се искрено заинтересирани да се занимаваат со овој бизнис, а тоа значи и дека обезбедив работници за салони со франшиза, бидејќи имаме многу луѓе заинтересирани да купат франшиза.

Сето ова ме приближи до друга цел и ми овозможи да ја интегрирам во мојот прилично амбициозен план.Тргнав од потребата да ги обезбедам најдобрите работници за мојот салон бидејќи за кратко време увидов дека е тешко да се најдат работници коишто ќе бидат стручни и во исто време со својот карактер и ставови ќе го застапуваат она што го работат. А за да бидете успешни во нешто, треба да верувате во тоа.

Оттаму, го избрав полесниот пат, наместо да барам работници, одлучив да обучам луѓе коишто се искрено заинтересирани да се занимаваат со оваа работа, а тоа значи и дека обезбедив работници за салони со франшиза бидејќи имаме многу луѓе заинтересирани за купување на франшиза. Сето ова ме приближи до мојата цел и ми овозможи да го интегрирам во мојот прилично амбициозен план.

Имено, сакам да ја променам свеста за убавината и начините за нејзина нега со цел да се тргнеме од вештачките и пренагласени трендови и да се насочиме кон фини и неинвазивни постапки  и процедури, правилно спроведени, во оптимални услови и прилагодени на клиентот.

Сфатив дека тоа најдобро може да се реализира ако почнам да ги едуцирам младите, ако ги запознаам со вистинските вредности во областа на козметологијата. Затоа одлучив да ја отворам школата Elegance Academy – модерна школа за нега на убавината и доброто однесување, со желба правилно да ги насочам младите кои сакаат да работат во оваа област, а кои ги има сѐ повеќе, но и повозрасните на кои оваа обука им дава исклучителна шанса да се преквалификуваат, да се стекнат со ново занимање и да работат работа во која ќе уживаат. Новото време ни овозможи постојано да учиме и да се развиваме, па така имаме и учесници во позрели години коишто вистински се пронашле на своето ново работно место,  со големо воодушевување зборува Данијела за успесите на своите ученици.

Постои мислење дека е доволен само курс и дека веќе можете да работите како козметичар. Но, тоа е многу далеку од вистината, што го покажуваат и деловните резултати на бројните салони кои брзо се затвораат. Elegance Academy има обемна и сеопфатна програма за обука, која им овозможува на учесниците да стекнат реално и практично знаење во модулите коишто ќе ги изберат. Во рамките на школата, а што ќе важи и за онлајн обуката, според лиценцираната програма и наставна програма, кадарот се обучува за сите потребни вештини за работа. По сложената обука и полагањето на испитите, учесниците се подготвени веднаш и на најдобар начин да одговорат на барањата поврзани со работата.

Образовниот концепт во школата Elegance Academy е разработен до најситни детали и програмски е концепиран. Школата во моментов нуди пет различни модули за обука. Најголем интерес постои за Модулот за обука за козметичка нега на лице бидејќи нуди најголеми перспективи за работење во овој сектор и истиот е концепиран на три нивоа – основно, напредно и професионално (basic, advance i pro). Првото, основно ниво опфаќа седум предмети, а на учесниците им е дозволено да ја следат обуката согласно своето темпо и сопствениот распоред.

Ефективните часови вклучуваат преку 20 часа видео материјал, а на учесниците им е достапна и електронска скрипта. За да учењето биде квалитетно и комплетно, осмислен е специфичен концепт на обука, којшто делува како поттик и ја буди мoтивацијата за учење.

Односно, планот за обука подразбира дека откако ќе се совлада еден предмет се преминува на другиот и сè така до последниот предмет, односно до седмиот.  Поточно, по секоја лекција ќе има тестови за проверка на знаењето и доколку предметот се совлада со најмалку 75% успешност, се преминува на следниот. Со ваквиот постепен и темелен пристап, сигурни сме дека ќе постигнеме одлични резултати.

По завршувањето на основното ниво, учесниците имаат можност да го продолжат своето образование и да преминат кон напредни нивоа, за што воглавно и се одлучуваат кога ќе видат какви сè можности им се нудат за знаењето коешто го стекнале и сакаат да го надоградаат, а со тоа ги зголемуваат своите шанси за успех во кариерата, го објаснува сопственичката на Elegance Group системот на работа во школата, во која и самата учествува како предавач.

Предмети коишто се опфатени со основната обука на ЕBA се: дерматологија, козметологија, стерилизација на инструменти, естетска нега, исхрана и здрав начин на живот, вештини за продажба и бонтон во светот на убавината, а предавачите се експерти со долгогодишно искуство во својата област.

Сега можам да им ги пренесам сите мои идеи на другите и да докажам дека индустријата за убавина е сериозна работа која ја вклучува и медицината, фармакологијата и другите научни области, во служба на здравјето и убавината бидејќи убавината првенствено доаѓа преку здравјето, кожата и целиот организам. Отворањето на школата е прилично долг и комплициран процес, но јас храбро влегов во целиот тој процес со желба да им овозможам на генерации учесници да се стекнат со квалитетно образование во професијата која е многу перспективна.

Во себе имам и доза на педагошка посветеност и искрена желба да им овозможам посебно на младите генерации да постигнат професионален успех и да си обезбедат сигурна работа. На тој начин ја создадовме нашата програма – да обезбедиме сеопфатно образование во чии рамки едно лице ќе биде квалификувано да твори свој сопствен салон. Особено ме радува секоја средба со учесниците  каде што сум задолжена за предметот Бонтон во светот на убавината, искрено раскажува Данијела.

Токму овој податок посебно нè заинтригира бидејќи „доброто однесување“ е поврзано со далечните времиња и како да не постои во модерното време, а сега една млада жена се обидува да го врати на „голема врата“ и тоа преку образовен концепт. Затоа сакавме да знаеме што сè опфаќа овој предмет.

Сакав да основам школа којашто ќе се разликува од другите и ќе биде многу повеќе од обичен курс, односно ќе обезбеди професионално, широко и темелно образование во областа на козметиката, засновано на примерите од водечките светски академии за нега на убавината. Сакав да го пренесам тој допир на убавина и навистина квалитетна нега на нашите простори. Основата на Elegance Academy е истата деловна филозофија којашто е вткаена во целиот концепт на Elegance – севкупен пристап кон негата на кожата и убавината, со еден збор, здрава и природна нега која обезбедува трајни резултати. Со оглед на тоа што забележав недостаток од искусни и посветени експерти во оваа област, сфатив дека моето училиште треба да им обезбеди на учесниците многу повеќе од тесно специјалистички знаења, па затоа во програмата за обука ја интегриравме деловната комуникација и бонтон, како и многу други лекции коишто се важни за водење на самостоен бизнис.

Оттаму произлегува називот на школата „Добро однесуваање“, бидејќи нашите учесници се стекнуваат со вештини за правилен третман кон клиентите, колегите и деловните соработници, што е многу важен сегмент од деловното работење и своевидна гаранција за успех. Сите коишто се занимаваат со козметика треба да бидат свесни дека убавината е многу повеќе од изгледот, таа е и во ставот, начинот на зборување и однесување, во културата. Ова е светски тренд и многу академии и институти кои нудат образование од областа на естетиката, имаат вклучено добро однесување во предметите.

Многу е важно како  се однесуваме кон клиентот, тоа е важен дел од деловната култура и комуникација. Треба да ја разбереме неговата состојба, да ги прифатиме неговите желби, внимателно да се посветиме  и културно да се однесуваме, што всушност претставува основа на бонтонот.

А тоа се сите вредности кои денес веќе излегле од мода, па мораме на образовен начин да ги вратиме меѓу нас, објаснува Данијела.

Културата на комуникација е многу важна за односот помеѓу терапевтот и клиентот и придонесува за разбирање, а со тоа и до успешен третман. Исто така, во текот на самата работа треба да се почитува одреден кодекс на однесување бидејќи односот помеѓу козметичарот и клиентот е специфичен и бара блискост и довербa, додава таа.

Со цел да ги доближи основите на деловниот бонтон до сите коишто се заинтересирани за оваа област, Даниела напиша многу корисен прирачник, во што можете и самите да се уверите со преземање на е-книгата која содржи делови од овој водич низ светот на бонтон.

Процедурата е многу едноставна, потребно е само да ја внесете својата електронска пошта и е-книгата ќе ја видите во вашето сандаче.

За мене образованието е единствениот начин којшто од корен ќе го промени ставот за убавината, односно дека убавината треба да се третира како уметност, а не како средство или стока. Уште од многу одамна таа имала свое место во образованието и воспитувањето, како дел од хигиената и чистотата, грижата за себе и се рефлектирала во самодовербата, преку која доаѓа успехот и стабилноста. Нашата цел е да ја промовираме природна убавина, здравиот однос кон животот и одржлива деловна филозофија која сето тоа го поврзува, раскажува Данијела.

Сите заинтересирани можат да се пријават на обуката, а сите информации и податоци за контакт, како како и формуларот за пријава, можете да ги најдете на веб-страницата: elegancebeauty.edu.rs.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.