И на Душко му пукна филмот, па јавно ѝ се обрати на Јелена со остри зборови: „Ќе умреш кога ќе наполниш 40 години! (ФОTO)

Карлеуша врати: „Не ми брои години, да не бројам милиметри...“

Кој се кара тој се и сака!

Јелена Карлеуша од секогаш важела за жена која е на страната на мажите, па така беше и овој пат, кога зборуваше за себе си, а всушност ги бранеше сите жени кои се на мета на мажите што ги коментираат нивните години, килограми, изглед…

Ако се земе предвид дека и во минатото Карлеуша го критикуваше Душко не е ни изненадување што повторно се впушти во таа улога. Објасни дека еднаш кога Душко се пошегувал со нејзините години, пред нивната ќерка, таа не можела да издржи па кусо му рекла дека нема право на тоа.

„Душко ме зафркава за додините. Маж ми ја убеди нашата мала ќерка Ника дека ќе умрам кога ќе наполнам 40 години. Сериозен и рече: „Кога мама ќе има четириесет години ќе оди со патерици и ќе умре. Таа е стара, бабичка“, рече поп дивата.

Инспирирана од таквите моменти сега и на соцојалните мрежи напиша стаус, а многумина коментираат дека и нејзиниот сопруг ќе се пронајде во него.

„Не ги навредувајте жените поради нивната возраст, за да не почнат да ве навредуваат поради млитавите гениталии, ќелавата глава, пивскиот стомак… Тогаш најчесто наоѓаат 20-годишен дечко кој не гледа никаков проблем, напротив“, напиша Јелена на својот Инстаграм профил.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.