Актерката открила какви промени доживеала во раната менопауза: „Хормоните не се шега!“

Диетата и тренинзите се многу важни

Актерката Гвинет Палтроу открила какви промени доживеала по влегувањето во рана менопауза

Актерката Гвинет Палтроу е позната по својот стил на живот кој промовира здрави животни навики.

Отворено зборувала и за своето рано влегување во менопауза. Имено, актерката открила дека влегла во менопауза на 45 години и дека се соочила со промена на хормоните, кои влијаеле врз состојбата на нејзиниот организам и расположението.

„Одеднаш почнав да чувствувам секојдневно потење, промени во расположението и нервоза, без некоја посебна причина. Се сеќавам дека и мајка поминуваше низ истите проблеми“, рекла актерката во 2016 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)


Актерката објаснила дека телото ѝ доживеало неверојатна промена и дека успеала да воведе некои животни навики што би ѝ помогнале да ги ублажи проблемите.

„Диетата и тренинзите се многу важни. Се обидувам да шетам повеќе пати неделно, се потам, вежбам, одам во сауна, и така се снаоѓам“, рекла таа.

При влегувањето во менопауза, хормоните се менуваат, па доаѓа до промени во расположението, до нагли бранови на топлина и многу други симптоми. Гвинет признала дека имала голема борба со хормоните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)

„Хормоните навистина не се шега. Понекогаш се чувствувам како да сум клопче на крајот од врвка што ме ‘мавта’ наоколу“, рекла таа.

Повеќето жени тешко ја поднесуваат менопаузата и покрај тоа што е природен процес и што секоја жена ја очекува. Процесот на менопауза се случува помеѓу 45 и 55-тата година.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.