Вашата патна аптека: Патувајте безгрижно со Pantexol, Carbomed и Meralys

Спакувајте ги производите што ви се неопходни, но ова лето не тргнувајте никаде без Pantexol, Carbomed и Meralys

Колку и да ги сакаме, патувањата понекогаш знаат да бидат стресни, особено кога станува збор за понесување козметика и основни лекарства. Спакувајте ги производите што ви се неопходни, но ова лето не тргнувајте никаде без Pantexol, Carbomed и Meralys.

Pantexol

Pantexol линија на производи наменети за нега, хидратација, заштита и обновување на сува, чувствителна и оштетена кожа. Драгоцениот витамин Б5( д-пантенол) во состав на препаратите Pantexol делува брзо, го обновува површинскиот слој на кожата, одржува оптимална влага и создава заштитен слој кој штити од неповолни влијанија. Pantexol препаратите се наменети за сите генерации и сите типови на кожа при благи повреди, изгореници, прекумерно сoнчање, црвенила, чешање, после бричење и депилација. Фактот што д-пантенолот е природна компонента на клетките, ја прави Pantexol линијата на производи идеално средство за нега на кожаm – една супстанција, многу бенефити! До блескаво здрав изглед на кожата- со малку труд и малку Pantexol.

Carbomed

Имате активен jаглен Carbomed во вашата домашна аптека? Би требало, бидејќи тоа е едноставен, природен и лесно достапен начин да се ослободите од некои ситни непријатности во вашиот живот. Како нешто што е црно, може да биде поим за нешто што чисти? Еве како! Активниот јаглен ,,собира’’ отрови и токсини од организмот, се користи при надуеност, гасови, пролив, белење на заби, детоксификација и акутно труење со лекови внесени преку уста. Се користи најмалку 2 часа пред другите лекови и не е наменет за континуирана употреба.

Meralys

Здравото дишење е предуслов за здрав живот.  Meralys HA спреј за нос претставува нов облик за третман на горните дишни патишта и апсолутен новитет на пазарот. Супериорен, уникатен производ кој помага во одзатнување на носот, олеснување на дишењето, заштита на слузницата на носот и ублажување на симптомите на алергиски ринитис и синузитис. Лек со концепт ,,3 во 1’’ –море, лек и хијалуронска киселина, без конзерванси – наменет е за деца над 2 години и возрасни овозможувајќи им тивок ден и мирен сон.
Кога носот не работи, работи Meralys HA!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.