Три титули за Македонија на Little Miss & Mister Galaxy 2019

На изборот, и Мики Црнокрак доби титула за најдобар Национален директор

Минатата недела во Банско, Бугарија, се одржа детски избор за убавина, Little Miss&Mister Galaxy 2019, каде што победи осумгодишниот Садат Јакупи во својата возрасна категорија, кој ја претставуваше нашата држава.

Овој голем успех тој го зачини со уште една титула, Top Model Galaxy 2019.

Малиот Садат е член на Модното студио Црнокрак и заедно со неговите родители и со Мики Црнокрак престојуваа седум дена во Банско, каде заедно со другите учесници од многу држави од целиот свет се подготвуваа за големото финале.

На изборот, и Мики Црнокрак доби титула за најдобар Национален директор и тоа трета година по ред. Тој ни изјави дека прекрасно е чувството да се претставува Македонија надвор од границите, а кога притоа ќе се вратите дома со титули, задоволството навистина е комплетно.

„Нашиот Садат заслужено ја освои титулата, првенствено со својата убавина и шарм, на кои не останаа рамнодушни членовите на жири-комисијата, но и со својот однос, кој го имаше за време на целиот избор во Банско, како кон организацијата, така и кон неговите другарчиња, односно колеги од целиот свет.

Би сакале во оваа прилика да се заблагодариме и на ‘Ансамбл Кочо Рацин’ од Скопје, кои ни обезбедија народна носија за Садат, во која тој меѓу другото се претстави на овој избор, како и на ЈП ‘Паркови и зеленило’ Скопје, кои исто така ни помогнаа во подготовките за овој престижен интернационален детски избор за убавина“, изјави Мики Црнокрак.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.