Тајната на убавиот изглед на Вера Мештеровиќ

Ви ги откриваме тајните на убавиот и негуван изглед на Вера Мештеровиќ

Вера Мештеровиќ за прв пат се појави на Македонската јавна сцена далечната 1996, со учеството и победата на изборот за Мис на Македонија. Во годините по добивањето на титулата таа беше едно од нашите најпознати и најпосакувани лица на сите наши поголеми модни ревии, телевизиски спотови и актуелни џет сет случувања во земјата и во регионот. Годините минуваа, Вера основаше семејство и денес е мајка на прекрасните Андреј кој има 9 години и Јована која има 7 години. Но, се чини дека за Вера годините на значат ништо.

И после толку години од нејзиното појавување на Македонската јавна сцена и освојувањето на титулата мис на Македонија, таа зрачи со убавината, а уште повеќе со својата витка става на која само можат да и позавидат и многупомладите од неа. Токму затоа ви ги откриваме тајните на убавиот и негуван изглед на Вера Мештеровиќ.

Вера, убавото лице со тие крупни прекрасни очи и препознатливата насмевка се секако наследство и дар од мајката природа, но сепак кажи ни како се грижиш за нив и дали имаш некоја тајна во негата на лицето?

Секогаш внимавам лицето да го одржувам чисто, хидрирано и да не го изложувам на штетни надворешни влијанија. Во однос на козметиката за нега, ги користам производите од производната линија Taiva, а исто така редовно практикувам и повеќе видови за третмани за нега на кожата на лицето во козметичкиот центар Силуете.

Кога е во прашање добриот и негуван изглед сите знаеме дека исхраната е важна како за регулирање на тежината, така и за одржување на виталноста на кожата. Дали постојат некои правила во поглед на исхраната кои ги следиш и за кои сметаш дека помагаат за добриот изглед?

Добрите навики во однос на исхраната секако доаѓаат од дома и навиките пренесени во семејството. Во однос на храната можам да кажам дека одсекогаш сум се обидувала да се хранам здраво и разноврсно. Се трудам да избегнувам процесирани производи и тешка, многу масна храна. Овошјето и зеленчукот се составен дел на мојата исхрана, секој ден и тоа во изобилие. Навистина уживам во свежите салати, смудијата и чаевите. На тој начин знам дека во телото внесувам доста витамини, минерали и антиоксиданси кои се потребни за виталноста и на мојата кожа и за севкупното здравје. Исто така, се трудам секој ден да пијам барем 2 л вода секој ден, бидејки знам дека добрата хидрираност е многу важна.

 

Она што уште повеќе ќе ги интересира читателите е како денес и по раѓањето на двете деца успеваш секогаш да изгледаш одлично и при секое твое појавување да се бидеш во топ форма?

Добриот изглед и одржувањето на формата, посебно кај жените, бара посветеност. Јас се трудам да внимавам и на исхраната и на физичката активност, но сепак ќе кажам дека во консултации со експерти и нутриционисти на кои им верувам, користам и одредени додатоци на исхраната. Станува збор зацелосно природни препарати, направени на билна основа со одредени минерали и витамини кои имаат докажано и признато дејство кои помагаат во одржувањето на добрата линија и добрата форма. Тоа е пакетот на производи SLIMCUT од брендот Bionatural,  кои се нови на нашиот пазар, но добро познати и ценети ширум Европа. На мое големо задоволство токму сега влагуваат во нашата земја и ќе бидат достапни на сите кои сакаат да ја регулираат својата тежина и добро да изгледаат. Посебно ми помага производот SLIMCUTWATERLOSS кој едноставно овозможува да се исфрли вишокот на вода и токсини од телото и на тој начин помага да се намали обемот на телото, да се елиминираат отоците и да се измазни кожата. Така што само со неколкудневна употреба, SLIMCUTWATERLOSS ми го дава посакуваниот изглед на телото, во секој период од месецот и за секоја пригода.

Одржувањето на добрата линија и регулирањето на тежината бара и труд и време кое со годините  и со промените во метаболизмот се потешко се постигнува, како ти успеваш?

Точно, со годините, со промените во метаболизмот, а особено по раѓањето на децата со сите обврски кои ги имам, почна да станува се потешко, да одвојам време за себе и моето тело и да ја држам линијата како што ја посакувам. Со промените во хормоните и метаболизмот по 30тата година  не е лесно да се одржи линијата, посебно на половината каде најлесно се таложат мастите. Јас секако внимавам на исхраната, гледам да се хранам избалансирано, без многу додадени шеќери и леб, а со повеќе салати и течности. Но, дополнително во враќањето и одржувањето на добрата линија ми помага производот SLIMCUTSLIMFAST кој не само што ја намалува апсорпцијата и таложењето на мастите во организмот, туку овозможува и топење на евентуалните масни наслаги. Така што мислам дека тајната на севкупниот изглед и ефект се должи на соодветната исхрана и поддршката на SLIMCUTSLIMFAST, додаток на исхраната на билна основа кој ги регулира мастите и секако физичката активност?

Физичката активност треба да биде составен дел на напорите да се води здрав живот и да се одржува добриот изглед на телото. Дали редовно вежбаш и како наоѓаш време за тоа?

Секој кој сака да ослабне и да изгледа добро треба да се потруди да најде време за вежбање, без разлика за каков вид активност станува збор, пешачење, фитнес, пилатес, џогинг или друго. Јас се трудам редовно да вежбам и покрај професионалните обврски и децата. Барем 2-3 пати во неделата вежбам пилатес, но сега, со оглед на ограниченото време, многуми е важно да го направам вежбањето најрационално и најефектно, односно со помалку труд да го добијам максималниот ефект. Во тоа ми помага производот SLIMFASTBOOTYSLIM кој едноставно помага во слабеењето, дава енергија  за посилно вежбање и што е најважно ги зголемува ефектите од вежбањето – помага во губењето на мастите.

За крај која е твојата порака до читателите?

Јас би сакала да им препорачам дека прво и најважно е да бидат позитивни , да му се радуваат на животот, на малите работи и да имаат верба. Само доколку сакаат и доколку се посветени, можат да си го повратат изгледот кој некогаш го имале. Добрата и правилна исхрана, барем малата физичка активност која е ефикасно организирана и секако мала но многу значајна поддршка од одредени додатоци на исхраната кои можат многу да го зголемат ефектот и да помогнат во напорите за регулирање на тежината и изгледот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.