Виталиа чекор понапред во освојување на Азискиот пазар

Самото учество во оваа избрана селекција на “SIAL Innovation” штандот е огромно признание за Виталиа

За успешните компании кои креираат иновативни производи ниеден пазар не е неосвоив. А колку тој е далечен, поголем, поразличен и на него постои голема конкуренција, предизвикот е уште поголем. Македонската компанија за здрава храна Виталиа уште одамна го прифати тој предизвик, и храбро чекори кон освојувањето на нови конкурентни пазари.

Со таа цел е и овогодинешното учество на најголемиот азиски саем, и еден од најголемите во светот “SIAL” Шангај, на кој оваа година изложуваат над 4300 успешни светски компаниина 17 различни саемски сали, а се очекува присуство на над 112.000 претставници од компании и светски ланци на супермаркети. Целта на саемите SIAL низ целиот свет е да ги претстави глобалните трендови за храна и исхрана, да ги собере заинтересираните страни од секторот и да ги организира овие состаноци под симболот – иновација на храна.

Затоа, посебно место во рамките на саемот зазема “SIAL Innovation” штандот на кој се претставуваат најиновативните светски производи претходно оценети и избрани од посебна комисија. На овој штанд се претстави и Виталиа со линијата на продукти од колаген, инстант колаген, мусли со колаген и оризови каши со колаген,  кои претставуваат нов тренд во функционалната здрава исхрана.

Самото учество во оваа избрана селекција на “SIALInnovation” штандот е огромно признание за Виталиа, потврда за сите напори и заложби да креира иновативни здрави производи според потребите на модерните потрошувачи.

Саемите и индустриските изложби играат витална улога во воспоставување на лидерско место на пазарот и градење на ефикасна база на контакти. Изложувачите имаат шанса да ја презентираат најновата иновации, а истовремено да се стекнат со експертиза, да запознаат нови луѓе кои можат да бидат потенцијални клиенти и да добијат инспирација од светските трендови.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.