Од што зависи успехот на инвитро-постапките

Разговор со д-р Владимир Трајковски, специјалист акушер, гинеколог и ИВФ-специјалист во центарот за плодност „Њу борн“

Причини за потреба од инвитро-фертилизација

Модерното доба на живеење донесе потешкотии кај паровите да се реализира природна бременост. Не го користам терминот денешното време зато што би значело дека претходно не било така.

Како претпоставка за причините најнапред да се истакне дека паровите влегуваат во заедница многу подоцна во животот отколку порано.

Тоа значи дека заедно со целото тело ни се постари и репродуктивните органи особено деловите каде што се создаваат или се создадени од раѓање половите клетки (јајни клетки и сперматозоиди).

Од секундарно значење, но не многу помало, се изложеноста на негативни хемиски и физички влијанија како и напнатиот професионален живот што повеќе да се создаде или овозможи пристоен материјален живот.

Ова последното прилично ја одложува временски одлуката за потомство, а воедно делува негативно како на физичко-здравственото ниво, така и психички врз секого од нас.

КАНДИДАТИ ЗА ИВФ-ТРЕТМАН

По исцрпувањето на конзервативните методи се оди на најрадикалното решение т.е. постапка кон реализација на бременост, а тоа е БПО (ИВФ) постапката.

Тука надежта и очекувањата се големи и покрај тоа што статистиката вели не повеќе успех од 30-40% по циклус и се разбира уште многу пониско зависно од возраста.

Пред да се отпочне со БПО постапка треба да се исцрпени можностите од интраутерината инсеминација (вбризгување на обработениот машки материјал директно во матката на жената по претходна стимулација на јајниците со цел развој барем на еден или поивеќе фоликули и медикаментозмно провоцирана овулација каде што е неопходно) како и стимулирани циклуси со препорака за обид за забременоување по комплетно природен пат (односи).

НЕОПХОДНИ ТЕСТОВИ

Кога се планира почеток на БПО партнерите треба да се испитани по следните состојби: направени комплет брисеви (цитолошки и микробиолошки) кај жената, а кај мажот микробниолошка евалуација на спермата.

Хормонален статус кај жената во деновите на менструално крварење како и ултразвучен преглед во истото време за проценка на состојбата и капацитетот на јајниците, т.е. можноста да пораснат одреден број на фоликули и шанса да содржат јајце-клетка.

Потоа обврзно, проверка на репродуктивниот канален систем т.е. хистеросалпингографија што е и предуслов за интраутерини инсеминации како дел од претходницата на БПО.

Да се спомене уште инфективниот скрининг за ХИВ, хепатитис Б и хепатитис Ц за обата партнери.

КАКО СЕ ПРАВИ ПРОТОКОЛОТ ЗА ИВФ-ТРЕТМАНОТ?

Кога ќе се донесе одлука за почеток на процесот на БПО се прави адекватен избор на протокол на стимулација и тоа најчесто заеднички на стручен состанок во институцијата каде се изведува постапката, се со цел да се извлече максимум од постапката за жената да не мора да оди на повторна стимулација што е и најголем ризик по нејзиното општо здравје и бара време на опоравок по завршување на процедурата.

ДАЛИ ПРИ ПОВТОРЕН ОБИД СЕ МЕНУВААТ ПРОТОКОЛИТЕ СО ЦЕЛ ДА СЕ ПОСТИГНЕ ПОГОЛЕМ УСПЕХ?

Доколку во еден циклус не се успее да се реализира бременост тогаш се подготвува за трансфер на претходно замрзнати ембриони кои се добиле во поголем број во тек на процедурата и овозможуваат ембриотрансфер во една порелаксирана и пофизиолошка состојба на жената.

Но, доколку се добиле ембриони за еден трансфер и истиот реализиран без успех т.е. забременување, тогаш следи почеток на нова оваријална стимулација и пункција односно ново БПО. Тоа се изведува по адекватна пауза од првото зависно од степенот на контролирана хиперстимулација во првиот обид.

ШТО НАЈЧЕСТО ЈА ПОПРЕЧУВА УСПЕШНОСТА НА ПОСТАПКАТА?

Неуспехот од ИВФ постапката честопати останува без објаснување за причините. Може да се должи на генетиката на ембрионите кои рутински не се испитуваат освен кај индицираните состојби и ситуации, потоа способноста за прифаќање на ембрионот од страна на ендометриумот од повеќе моќни причини, како и од можни анатомски причини од страна на матката кои претходно и покрај адекватната евалуација не биле откриени.

Треба да се напомене дека голем и значаен фактор е и квалитетот на спермограмот од којшто зависи и бројот и квалитетот на развиените ембриони.

Овие случаи кај навидум необјаснети околности за негативен исход треба да се мотив за подетално и подлабоко реанализирање на состојбата кај обата партнери пред да се влезе во наредна процедура.

Во сите случаи каде што се стигнало до сознание за новооткриена состојба кај партнерите која пречела при претхјодниот обид да се реализира бременост, се прави како модификација на протоколот ако е неопходно, така и корекции на одредено состојби (анатомски или хормонски) со што би се влегло во нова процедура со да нагласам ПОГОЛЕМА ШАНСА ЗА БРЕМЕНОСТ, но не и сигурност од успех.

Ова треба да се истакне особено знаејќи го фактот на секого познат но и честопати заборавен дека и природата не е 100% успешна во било што.

МОЖЕБИ НАЈТЕШКОТО ПРАШАЊЕ, КОЛКУ ОБИДИ ПРЕПОРАЧУВААТ СПЕЦИЈАЛИСТИТЕ?

 Многу парови би ги интересирало до кога може да се пробува а по тоа прашање нема егзактен одговор. Препораките се до средината помеѓу 40-тата и 50-тата година на жената, зборуваме за сопствен билошки материјал односно јајни клетки, а потоа со материјал од банки за истите. Истовремено обврзно да се проверува и општата здравствена состојба на жената која со годините се менува како кај сите нас, зашто предуслов за здрава бременост е и здрава родилка.

Д-р Владимир Трајковски, специјалист акушер, гинеколог и ИВФ-специјалист во клиниката „Њу борн“

За повеќе одговори на вашите прашања, посетете го сајтот на центарот за плодност Newborn  или јавете се на телефоните +38977 443 443 / +3892 2734 350.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.