Донација од компанијата „Виолета” за Охридската Болница

Она што е важно е да сме тука едни за други и да се обидеме да придонесеме кога можеме и колку што можеме

Компанијата Виолета веќе години наназад соработува со родилиштето во Охрид и тоа на начин да секое новородено бебе добива поклон породилен пакет од бејби влажни марамици и пелени.

Освен породилни пакети за новороденчиња компанијата Виолета донираше и апарати „Пулс оксиметари“ кои се најнеопходни за грижа на бебињата, подлоги за пресоблекување и најново сега панели за греење.

Потребата од панели за греење тргна од родилиштето со цел престојот на нивните пациенти да биде попријатен а Виолета веднаш одговори на иницијативата и во рок од два дена беа доставени.

Од компанијата Виолета велат дека нив на прво место им се мајките и бебињата и секогаш ќе се грижат за нив, но и дека се свесни колку здравствениот систем е под влијание и оптоварен од ситуацијата со Ковид 19 и дека сите работници во здравствените установи се вистински херои на денешницата.

Она што е важно е да сме тука едни за други и да се обидеме да придонесеме кога можеме и колку што можеме.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.