10 години по првиот вештачки земјотрес во Македонија медиумите во Србија пишуваат за значењето на овој тест за стабилноста на објектите

Адора инженеринг беше прва компанија која во регионот ја тестираше стабилноста на станбените објекти со вештачки земјотрес во 2013 година, на 50 годишнината од скопскиот катастрофален земјотрес

Катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија, каде тлото сеуште не мирува инеодамнешните потреси на Балканот, повторно ја актуелизираа важноста на квалитетот на градење за стабилноста настанбените објекти во регионот. Земјотресите во Турција и Сирија резултираа со 50-тина илјади жртви и огромни штети, со уништени и разделени семејства, чии домови се уриваа како кули од карти. Освен природната катастрофа, меѓу причините за разорното дејство на замјотресите се наведуваатилегалното градење, недоволната примена на стандардите за квалитет и безбедност на градбите, отсуството на контрола и несанкционирање на бесправно подигнатите градби.

Експертите по сеизмика оценуваат дека ризикот од штети од евентуални земјотреси во регионот е поголем кај објектите изградени пред повеќе децении, но не е исклучен и кај згради со понов датум, изградени со низок квалитет и без почитување на стандардите. Деновиве српските медиуми во текст посветен на земјотресите, ја истакнаа пионерската мисија на Адора инженеринг, како прва компанија која во регионот ја тестираше стабилноста на станбените објекти со вештачки земјотрес во 2013 година, на 50 годишнината од скопскиот катастрофален земјотрес. Вештачкиот потрес со јачина од 5 степени според Европската макросеизмичка скала, реализиран на десеткатница во скопски Аеродром во соработка со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС, не предизвика никакви оштетувања на зградата, со што се потврди врвната сеизмичка стабилност на објектите на Адора.

„Објектите во Македонија изградени по 2000 година, се многу поквалитетни и побезбедни од поранешните, бидејќи контролата кај нас сега е можеби најригорозна во Европа. Од 2014 во Македонија се води голема контрола на градбите во однос на сеизмиката и комплетната стабилност на објектите, согласно измените на законот за градба, според кој проектот на секој објект мора да помине низ контрола ворегистрирана научна институција, специјализирана во областа на сеизмичката отпорност на градбите. Општината не издава дозвола за градба, доколку за проектот нема позитивно мислење од страна на научен институт, кој за објекти со површина над 300 m², два пати оди на терен и ја контролира конструкцијата, дали е изведена согласно проектот и одредените димензии и со материјали по пропишаните стандарди“. – вели реномираниот проф. д-р Михаил Гаревски, директор на Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени, кој учествуваше во организацијата на првиот вештачки земјотрес на објект на Адора.

Особено по разорниот земјотрес во Скопје во 1963 година, граѓаните сакаатда домуваат сигурно и спокојно во квалитетни и безбедни градби. Тестирањето со вештачки земјотреси е придонес на Адора во изградба напоквалитетни и посигурни домови во Македонија и афирмација на безбедната македонска градба во регионот и светот.

Прилогот објавен во Србија прочитајте го на линкот:

https://uzvik.rs/region/ko-izaziva-vestacki-zemljotres-i-zbog-cega.html

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.