Обликувајте го телото на правилен начин со La Vita-Em!

Мадеротерапијата е одлична за исфрлање на насобраните токсини, додека физикалната терапија има за цел да ги  намали болките, да го подобри движењето и да ја обнови физичката функција

Слабеењето е процес кој бара многу труд. Секое тело е различно, односно мешавина e од различни хемиски реакции, па затоа за менувањето на метаболизмот, тежината и физичкиот изглед е потребно време. Комбинацијата од вежби, правилниот начин на исхрана, внесот на течности, третманите за слабеење се одлична комбинација за постигнување на посакуваниот изглед. Промените кои се случуваат во сврзното и поткожното масно ткиво го прават целулитот кој е составен од масти, токсини и вода. Целулитните промени се како ограничени јазли кои настанале поради вишок на масти, ослабено сврзно ткиво, пореметување во циркулацијата, размената на материи, задржување на вода во ткивата.За појавата на целулитот влијаат многу фактори, може да биде генетски или може да се појави како резултат на: неправилна исхрана, хормонски пореметувања, недостаток на физичка активност, пушење и алкохол, специфични физиолошки процеси поврзани со пубертетот и др.

Адријана Арсовска Тодевска, дипломиран физиотерапевт

Жените кои практикуваат годишно по една или две серии од по 10 третмани антицелулитни масажи, мадеротерапии и сл. имаат значително помалку целулит. Мадеро терапијата е терапија која се заснова на користење на анатомски направени елементи од дрво што терапијата ја прават сто процентно природна без алергиски реакции на кожата. Применувајќи ги овие елементи се предизвикува стимулирање на лимфниот систем на телото и насобраните токсини исчезнуваат.

„Мадеро терапија“ е вид на масажа која се базира на користење на дрвени елемени во различен облик, нарачени оклагии.Оваа масажа се препорачува на клиенти со масни наслаги и целулит. Предноста на овие дрвени елементи е во тоа што обезбедуваат интезивен притисок на целулитот и намалување на масните наслаги. Оваа масажа е посебно ефикасна во намалување на обемот во колкот и бутовите како и за затегнување и обликување на нозете и на задникот.

Мадеро терапијата се препорачува за:

  • Опуштање на телото и умот;
  • Стимулација на лимфниот систем;
  • Елиминација на токсините и забрзување на метаболизмот;
  • Разбивање на целулитот и согорување на мастите;
  • Тонус и затегање, како и намалување на обемот на телото и стомакот.

ИНОВАТИВНИ МЕТОДИ ВО ФИЗИКАЛНАТА ТЕРАПИЈА

Болките, повредите и оштетувањата на локомоторниот систем денес, се едни од најчестите. Настануваат како последица на различни влијанија, а едно од најчестите е држење на телото во лоша положба при изведување на секојдневните активности.

Физикалната терапија има за цел да ги  намали болките, да го подобри движењето и да ја обнови физичката функција.

  • Ултразвукот како терапевтско средство се користи кај различни дисфункции на мекото ткиво вклучувајќи ги контрактурите на зглобовите, воспаление на тетиви и зглобови, при спортски повреди, периартрит на рамо, спондилоартрози, дискус хернија и сл.
  • Електротерапија – процедура која има големо терапевтско дејство. Се користи при дегенеративни и ревматски заболувања, при повреда на зглобови, повреда на меки ткива и сл.
  • Магнетна терапија, сигурна и неинвазивна метода во која магнетното поле се употребува за терапевтски цели. Терапевтско дејство има кај: ревматски заболувања, заболувања на коски, спортски повреди (повреда на мускули, лигаменти и тетиви) оштетувања на рбетен столб и сл.
  • Ласер – безболна и ефикасна метода во физикалната медицина која ефективно делува на болки, воспаленија, отоци, кај спортски повреди, ревматски заболувања и сл.

Побарајте повеќе информации на 078 450 713 или на социјалните мрежи на La Vita-Em

Веб-сајт: www.lavita-em.mk

Фејсбук: La Vita-Em

Инстаграм: lavitaem.mk

 

ФОТО И ТЕКСТ: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.