На Скопје му се случи првата интернационална обука по естетска медицина на кој беше промовиран најбараниот филер во светот

Во служба на вашата задоволна насмевка

Веста што допрва ќе ги освои жените е персонализираниот пристап што стои зад новата генерација на Restylane филерите

Додека Скопје дишеше во обичноста на пладневното секојдневие, група избраници имаа можност да разменат енергии, емоции и идеи во луксузот што им го овозможи новиот Лимак Скопје Хотел во центарот на градот.

Во конференциската сала на хотелот се одржа првата интернационална обука по естетска медицина за доктори и медицински лица од Македонија и Косово. Но, со уште поголема радост и возбуда беше дочекана информацијата дека на домашниот пазар на убавина се враќа светски познатиот дермален филер Restylane.

Restylane постои на пазарот цели 25 годинии може да се пофали со над 50 милиони задоволни клиенти, а благодарение на Дерма Бела Веледрогерија и Фармација, дел од оваа успешна статистика ќе станат и македонските Дами и Господа.

За големината на филерот зборува и фактот дека тој успеа на едно место да ги собере сите еминентни естетичари во земјава како проф. д-р Катерина Дамевска, проф. д-р Александар Анчевски, докторите по естетска медицина од поголемите приватни клиники како Ре-Медика и Аџибадем Систина, но и сите останати доктори кои активно ги надградуваат своите техники со цел да бидат во тек со светските стандарди на работа.

За предностите, посебностите и начинот на аплицирање на Restylane филерите, докторската фела имаше прилика да чуе и научи директно од интернационалниот тренер на брендот, д-р Saydie Kus која, по повод настанот, допатува од Истанбул.

Обуката подразбираше теоретски дел; демонстрација во живо преку инјектирање на Restylane филерите на модели; практичен дел во кој докторите, што ја следеа обуката, сами го инјектираа филерот на модели.

Веста што допрва ќе ги освои жените е персонализираниот пристап што стои зад новата генерација на Restylane филерите. Како локален тренер на брендот, Д-р Анџелка Илиева го промовираше сосем новиот пристап во инјектирањето, а истиот подразбира:

  • Лицева проценка од страна на естетичарот – докторот ќе ви посочи што точно му е потребно на вашето лице.
  • Кој филер треба да се искористи – докторот прави соодветен избор од Restylane палетата.
  • Која техника треба да се примени – докторот применува соодветен начин за аплицирање на филерот.

Сето ова во служба на вашата задоволна насмевка! Филозофијата на Restylane е да извлече максимум резултати без да прави компромис со природната убавина на жената.

Настанот донесе плус повод за здравица, имено, беше претставено првото Здружение за Естетска Медицина во земјата ЗЕМ од страна на асс. д-р Игор Пеев. Целта на ова здружение е да ги обедини сите доктори по естетска медицина и медицински лица кои се обучени да изведуваат естетски корекции. Ова е обид на докторите да им стават крај на манипулациите со инјектирање недозволени препарати од страна на лаици. И навидум наједноставните и минимални естетски корекции мора да се изведуваат во посебни услови, со дозволени и признати препарати од страна на високо обучени кадри. Кога се работи за здравјето не смее да има компромис, дури и на сметка на убавината.

Задоволството во очите на присутните на овој голем и значен настан, уште еднаш ја истакна потребата на луѓето да се дружат и да комуницираат, а овој пат темата не можеше да биде поубава, бидејќи се говореше за самата убавина.

Оставајќи ги гостите да уживаат во вкусните деликатеси, пенливото вино и атмосферата што целосно се вклопи со космополитскиот дух на брендот Restylane, таа сабота, д-р Весна Ѓорѓиеска и нејзиниот тим се погрижија сонот на жените за персонализирана убавина да стане јаве.

Затоа, побарај го својот Restylane филер кај својот доктор естетичар и откриј ја убавината во уникатноста на твојата природност!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.