Џеј Ло и Бен Афлек уловени додека разменуваат сочни бакнежи (ФОТО)

Се подготвуваат за венчавка?!

Папарацо-фотографиите на кои бившите свршеници Џенифер Лопез и Бен Афлек се бакнуваат за време на заедничката вечера го обиколија светот. Нивните обожаватели имаа само позитивни коментари на овие фотографии.

А според Woman’s Day, сè е подготвено за нивната венчавка, која првично требаше да се случи пред 17 години, меѓутоа актерите раскинаа и основаа семејства на друга страна.

Имено, во своето  најново издание, магазинот наведува дека парот планира венчавка во Мајами и дека подготовките се при крај, и наведува дека 51-годишната латино-дива веќе избрала и старосватици за денот кога ќе го изговори судбоносното „да“ со 48-годишниот актер.

Џен и Бен сакаат целото нивно семејство да биде вклучено во овој голем ден. Џенифер одлучи старосватици да ѝ бидат нејзината 12-годишна ќерка Ема и ќерките на Бен, 15-годишната Виолет и 12-годишната Серафин. Не ги заборави ни синовите, нејзиниот 12-годишен Макс и деветгодишниот Самуел на Бен, кои исто така ќе имаат посебни улоги на венчавката“, изјавил извор за споменатиот медиум, додавајќи дека кумот на свадбата на Бен треба да биде неговиот помлад брат, 45-годишниот актер Кејси Афлек.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.